ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

По 10 GB интернет месечно за 30.000 социјално загрозени ученици да следат онлајн настава

Имајќи предвид дека имаме деца кои немаат интернет-пристап за е-настава, се наметна потребата да им помогнеме и за децата од социјално загрозените семејства „Македонски телеком“ донира 18.400 картички за мобилен интернет  со капацитет од 10 гигабајти месечно.

April 7, 2020 15:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет илјади ученици во основно и средно образование од 18.400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком“ за да пристапат на интернет само за  платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.

Договорот денеска во Владата го потпишаа министерот за информатчко општество и администарција Дамјан Манчевски и директорот на „Македонски телеком“ Никола Љушев, во присуство на министерот за образивание и наука Арбер Адеми.

Картичките за бесплатен интернет учениците од семејствата кои примаат социјална помош ќе ги ги добиваат месечно до крајот на учебната година, а дистрибуцијата ќе ја спроведува Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа.

Министрите се заблагодарија за донацијата од „Македонски телеком“, нагласувајќи дека во овие околности е важна солидарноста и општествената одговорност на компаниите кои може да се вклучат во помагање на ранливите категории.

– Со овој договор се овозможува наставата во основните и средните училишта која се организира со учење од дома  да е достапна за сите. Имајќи предвид дека имаме деца кои немаат интернет-пристап за е-настава, се наметна потребата да им помогнеме и за децата од социјално загрозените семејства „Македонски телеком“ донира 18.400 картички за мобилен интернет  со капацитет од 10 гигабајти месечно. Интернетот ќе биде наменет за  овозможување пристап само до платформите за учење согласно насоките и мерките од Министерството за образование и наука  На овој начин, не оставаме ни едно дете, на сите им обезбедуваме интернет за да може да ја следат наставата. Ова се вонредни времиња и потребна е и вонредна помош, рече Манчевски.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми потсети дека учењето од дома веќе се смета за формална настава и значи дека учебната година не е прекината и ќе продолжи до предвидениот рок кога треба да заврши.

Тој му се забагодари на „Македонски телеком“ за општествената одговорност, како и на ангажманот на миниистерот Манчевски кој, како што рече, од првиот ден се заложил ова да се реализира. Адеми очекува дека со оваа донација е надминат уште еден предизвик и дека наставата ќе продолжи да се организира без сериозни проблеми.

Директорот на „Македонски телеком“ Никола Љушев рече дека непречено образование на децата во овие услови е најважен приоритет, особено за децата што немаат можност за учење од далечина како придобивка од интернетот.

– Иако сме земја со фиксен интернет-пристап од околу 80 проценти на тероторијата, околу 30 илјади деца од социјален ризик или 18.400 домаќинства не се во можност да ја следат наставата. Во овие услови должни сме да ги следиме мерките, но и да дадеме решенија на предизвиците. Соработката на надлежните институции со бизнис-секторот сега е клучна. Имаме одговорност да обезбедиме силна и стабилна интернет-врска, но и морална обврска ,да придонесеме за вклучување на сите деца во образовниот процес во услови на вонредна состојба, рече Љушев, додавајќи дека за нив вакви донации не се новина, а овојпат во соработка со МОН и МИОА одлучиле да најдат решение за еднакви услови за дигитална настава за сите деца.

Next Post
Johannes Hahn, Member of the EC in charge of European Neighbourhood Policy and Enlargement Negotiations

Хан: Ситуацијата во Унгарија мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Најново

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk