ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пресудата за онкологот Пешевска која призна вина, на 22 септември

September 17, 2025 12:12
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот кривичен суд Скопје пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска која призна вина ќе ја објави на 22 септември. Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти.

За делото што и се става на товар на Пешевска е предвидена казна затвор до три години.

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во завршен збор рече дека обвинетата изразила искрено признание и каење и дека во текот на целата постапка и пред ЈО и во Судот има примерно поведение, меѓутоа има и отежнителни околности.

-Тоа е дека последиците од дејствијата е што кај седум пациенти дошло до нарушување на здравјето. Како онколог имала зголемена должност на внимание, како и тоа дека неовластениот пристап и користење на факсимеклот се случувало во континуитет. Имајќи ги в предвид сите околности и признание на вина ЈО предлага Судот да ја прогласи за виновна и казни согласно закон, изјави Гоговска Јакимовска.

Бранителот на Пешевска, адвокат Влатко Китановски во завршен збор рече дека иако обвинетата призна вина дека од небрежност постапила, мора да бидеме искрени и да се запрашаме дали овој доктор треба да биде гледана како криминалец.

-Тоа што ги споделила со друг доктор своите лични податоци и факсимил Мери немала намера или корист, туку цел да им помогне на пациентите. Тоа што некој ги злоупотребил треба да одговара за тоа, изјави Китановски.

Според Китановски, не може да ја осудуваме за момент на небрежност, кога целокупниот работен век служи на пациентите и спасување на животи.

-Не треба да се фокусираме само на моменталната грешка, туку и на целокупниот напор и вложување во својата професија. Затоа барам од судот да изрече соодветна санкција која ќе биде и казна, но и ќе овозможи обвинетата да продолжи да лекува пациенти, изјави адвокатот.

Бранителот на Пешевска, пред Судот претходно изведе докази за олеснителните околности за Пешевска, како допис од Клиниката дека е вработена од 2002 година и во 2025 е назначена за раководител и оти во нејзината досегашна работа немало поплаки против неа, дека е мајка на две деца, сертификати од конгреси и обуки, благодарници од дома и странство, како и дека нема забрана за вршење дејност, ниту дека е осудувана.

-Со овие докази одбраната покажува дека Обвинетата како доктор дава несебичен однос како кон третман така и кон лекување на сите пациенти и дека дава несебичен однос на работното место, изјави адвокатот.

Обвинетата Пешевска, пред Судот рече дека целиот свој живот го посветила на пациентите и дека на Клиниката за онкологија е вработена од 2002 година, а од 2007 година е специјалист онколог.

-Јас сум го дала или оставила корисничкото име и лозинка во амбуланта, а факсимелиот на шалтер се со цел пациентите навремено да завршат со терапија и да се вратат дома. Никогаш не сум помислила дека тоа ќе биде злоупотребено од страна на доктори онколози како што било случај сега. Ваквата состојба и пракса била присутна не само на нашата клиниката, туку на целиот комплекс. Досега сме имале почит кон колегите и оттука јас од мојата небрежност и невниманието сум ги ставила своите лични податоци на располагање и истите биле злоупотребени. Сакам да кажам дека од тогаш, а се мрднам од амбуланта печатот е со мене и се исклучувам од систем и го гасам компјутерот. Мој термин, порано на шалтер закажуваа прегледи, сега исклучиво тоа го правам јас, изјави Пешевска.

Судскиот процес го води судијката Снежана Марковска.

Пешевска, вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина.

Пешевска, пред Судот рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата зошто, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите.

– Совесно и одговорно тврдам дека мојата лозинка во системот и печатот и сум ги оставила на шалтер и ги користеле практиканти и ја прифаќам вината, изјави Пешевска.

Васев и двајцата обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, двајцата вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Судот негираа вина.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Tags: Мери Пешевскаонкологија
Next Post
Трамп и Епштајн. Фото: Скриншот, видео Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор, уапсени четири лица

Shortcut

Најново

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk