ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025 13:00
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Последното убиство на жена кое пред неколку дена се случи во Велес, кога триесет и деветгодишен маж од Скопје  со остар предмет вчера ја усмртил својата 31 годишна поранешна партнерка од Велес, потоа го убил и нејзиниот татко, по што се самоубил, е веќе силен аларм не само за бранот насилства што речиси секојдневно се случуваат низ земјата, туку и фемицидот, кој се „провлекува“ низ казнените постапки на соодветните институции, нефункционалноста на институциите кога станува збор за соодветна реакција по пријавување насилство, до заштита на жените во општеството.

Фемицидот, убиството на жени поради нивниот род, е една од најтешките форми на родово базирано насилство.

Во Северна Македонија оваа појава е сè повеќе присутна во јавноста, но државата сè уште нема систематизирани статистики ниту посебна правна дефиниција во Кривичниот законик. Она што постои се медиумски извештаи и податоци од граѓански организации, кои откриваат дека жените што биле убиени честопати претходно барале помош, пријавувале закани во полиција или укажувале на насилство, но институционалниот одговор бил недоволен. Што значи дека фемицидот останува необележан, односно е невидлива статистика.

Според UN Women / UNDP податоците за периодот 2017–2020 покажуваат дека биле убиени 26 жени, од кои 22 случаи се квалификувани како фемициди . Во последните години бројките не се систематски објавувани, но медиумските хроники за 2024 и 2025 укажуваат на континуитет на проблемот:

  • Штип, 2024 година – млада жена убиена од сопруг, претходно пријавувала закани.
  • Шуто Оризари, мај 2025 година – 38-годишна жена брутално убиена, предизвика реакции и протести на граѓански организации кои меѓу другото се ангажираат за родова еднаквост и заштита од насилство.
  • Велес, септември 2025 година – Росица беше застрелана од поранешниот сопруг, случај кој ја отвори јавната дебата за институционалниот одговор.

Пријави одвеани од ветер

Многу жртви претходно поднеле пријави во полиција со докази за закани или претходни физички напади. Сепак, пријавите нај често се третираат како „семејни расправии“.

Итните мерки за заштита (забрана за приближување) се ретки, а нивната примена слаба, а жртвите често се враќаат во ризична средина без реална заштита.

Во случајот од Штип жената неколку пати пријавувала закани, но институциите не презеле сериозни мерки. Слично, активистите за случајот во Шуто Оризари укажуваат дека жртвата повеќепати барала помош. Убиството на Росица во Велес повторно го поставува прашањето: колку пријави остануваат игнорирани додека не биде предоцна?

Пост факто реакции  и системски пропусти или негрижа

По секој случај следат изјави за осуда и ветувања за нови мерки, но нема трајни резултати.

Одредени граѓански организации, кои меѓу другото се ангажираат и за родова еднаквост и заштита од насилство, бараат воведување на фемицидот како посебно кривично дело.

Тие инсистираат на обврзувачки протоколи за полицијата и социјалните служби, како и задолжително следење на ризични случаи.

Јавното обвинителство ретко дава јасни податоци за тоа колку од пријавите на загрозени жени резултирале со превентивни мерки.

Во ретки случаи, сторителите се осудуваат на долги казни, но тоа се случува по злосторството. Превентивниот аспект – спречување на убиство – останува системски пропуст.

Фемицидот во Северна Македонија останува невидлив во статистиките, но видлив во трагедиите. Жртвите често ги алармирале властите, но пријавите се игнорирани или минимизирани. Сè додека институциите не ги третираат заканите како потенцијално смртоносни и не воспостават систем за следење на ризик, бројките ќе продолжат да растат.

Воведувањето на фемицидот како посебно кривично дело е само прв чекор и институционално препознавање и признавање на злосторство, но и кое во понатамошни постапки треба да се третира како такво, со соодветни мерки и најстрога казна.

ДИЈАНА ТАХИРИ / Цивил Медиа

Next Post

Филипче: Жално е што реформите за ЕУ интеграциите Владата воопшто не ги спроведува

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk