ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Фемицидот е пораз на институциите – бараме кривична одговорност за сите што не постапиле

September 18, 2025 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Се случи уште еден фемицид во Велес поради непостапување на институциите. Kако партија која ги донесе законските измени со кои фемицидот за првпат е препознаен како посебно кривично дело, СДСМ остро реагира на фактот дека и покрај јасните законски одредби, власта не успеа да ја исполни својата најважна задача, да заштити човечки живот. Законот не е украс на хартија. Тој е правна и институционална обврска. Ако институциите на власта дозволила жена да биде убиена, иако со месеци пријавувала, тоа значи кривична и политичка одговорност. изјави на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

СДСМ, нагласи Костова, бара оставка од Панче Тошковски и кривична одговорност за секој службеник кој со своето непостапување придонел за да се случи ова злосторство.

„Бараме итна и независна истрага за институционалните пропусти.

Не смее да има полициски службеници или кој било друг вклучен во системот на заштита кој ќе се скрие зад бирократски оправдувања. Секој кој не постапил, а имал должност и обврска, мора да сноси последици согласно законот.

Целосна и доследна примена на Националната стратегија за превенција, со обврзувачки протоколи и механизми на одговорност мора да има.

Зголемување на случаите со фемицид во изминатите 15 месеци е особено загрижувачки.

Особено тешко затоа што се случува во време кога владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ не само што не гради институционални механизми за заштита, туку напротив ги брише.

Со последните законски измени, тие ја избришаа категоријата „родово базирано насилство“ од формуларите за пријави на булинг, со што испраќаат порака дека ваквото насилство не постои.
Тоа е директно охрабрување на насилниците уште од најрана возраст.

Животот на секоја жена мора да биде заштитен од страна на државата и институциите.

Држава што не ги штити жените, е држава што ги остава на милост и немилост на насилниците.
Тоа мора да престане веднаш.

И во еден ваков контекст, уште потешко е да се гледа како луѓе блиски до власта си дозволуваат да навредуваат и понижуваат жени.

Миленко Неделковски, повеќедецениски мегафон на ДПМНЕ и актуелен извршен директор на ФК Вардар, изрази вербално насилство и изрече навреди кон жена, со што покажа длабоко непочитување кон достоинството на сите жени.

За такви личности немаат место во спортот, треба веднаш да биде разрешен од функцијата директор на најтрофејниот македонски клуб и соодветни санкции.

ДПМНЕ не смее да молчи и да го брани Неделковски. Молкот значи соучество, премолчувањето е охрабрување на насилството.

СДСМ ги поддржува денешните протести на невладините организации и повикува на гласност. Нашата порака е јасна: нулта толеранција кон институционално непостапување и кон говор на омраза“, истакна Костова.

 

Next Post

Меџити: Во срцето на Чаир ќе има Територијална противпожарна станица

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk