ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Котевска: „Силјан“ ме убеди дека најдобро знам да раскажам приказна за Македонија

September 18, 2025 14:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Старци и неколку штркови седат заедно пред кооперација, ова е само една од сцените во документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска што годинава на фестивалот во Венеција беше прогласен за најинспиративен и ја доби „Наградата на Музата“. Токму симбиозата на луѓето со штрковите најмногу ја фасцинирало Котевска, иако таа првично тргнала со идеја да сними филм што ќе ја прикаже промената на миграцијата на овие птици и како тие во Македонија се хранат (јадат) од депонии.

-„Силјан“ ме убеди дека најдобро знам да раскажам приказна за Македонија, дека најмногу сакам да раскажувам приказни од Македонија. Многу си ја сакам земјата. Толку добро ја познавам и толку многу ја сакам што секогаш ме фасцинира кога наоѓаме реални приказни што всушност личат на научна фантастика, рече денеска Котевска на прес-конференција, споделувајќи го патешествието на целиот „проект“.

Филмот, истакна, е 90 отсто снимен во Македонија (Чешиново, Гевгелија, Стојаково,…), а се почнало со многу мал тим, голема желба и сопствени финансии.

-Филмот имаше тежок пат. Почнавме со многу мал тим и поминавме цела година без некаква информација за каква било финансиска поддршка. Тешко беше зашто немаше заинтересиран ниту еден странски финансиер. Баш во тој период ни беше украден и материјал вреден околу 4 000 евра. Беше многу тешко да продолжиме и да истраеме. Ми помогна искуството со „Медена земја“, ментално да успеам да ја буткам целата ситуација. Инаку, живеевме во трејлер неколку месеци поради локациите на штрковите. Буквално одевме од гнездо на гнездо и го следевме целиот нивен животен циклус, од испилувањето до полетувањето, раскажа режисерката, дополнувајќи дека секој нов филм значи почнување нешто одново, но и големи очекувања.

-Кога ја најдовме приказната со штрковите кои јадат на депонија, знаевме дека мора да продолжиме и дека тоа ќе вреди, подвлече Котевска.

null

На „главниот лик“ Никола му требало време да стекне доверба во филмската екипа.

-Промената на миграцијата беше мојата првична идеја и како штрковите јадат од депонии кај нас, но најфасцинантниот момент ми беше односот на Никола со штркот. Не му е ова прв штрк, чувал и претходно. И не е единствениот. Тоа за мене беше најфасцинантно, навистина е нешто посебно таа симбиоза на луѓето особено од источна Македонија, па и од секаде каде има штркови. Многу често се случува да падне штрк и тие да го чуваат, нагласи Котевска.

Според продуцентот Јорданчо Петковски, филмот настанал сосема случајно.

null

-„Силјан“ настана во една пауза додека се подготвувавме да го снимаме играниот филм со Тамара. Во сценариото за играниот филм се најде штркот, а јас како продуцент прв пат се сочив со такво искуство. Кога Тамара ќе се фати за нешто, оди до крај што ми е многу драго. Така почна истражувањето за штрковите, што тие се значат, што би значеле во играниот филм и во тоа истражување поќна оваа приказна. Ни требаше една година да дојдеме до финансиери, тоа беше тешка година кога не знаевме дали да продолжиме со снимање или да почекаме, напомена Петковски кој заедно со монтажерот Мартин Иванов беше на прес-конференцијата.

Екипата не знаела дали пректот го прави со некаква цел, повеќе го гледала како некое истражување што давало мотивација.

-Секогаш не интересира да ја раскажеме приказната најдобро што можеме, да биде што е можно почовечка, пуниверзална, независно дали се работи за игран или документарен филм, се што се случува околу Силјан пријатно ме изненадува зашто додека работам, не размислувам за овие работи, рече Иванов.

null

За неколку недели треба да се знае кога „Приказната за Силјан“ ќе биде премиерно прикажан пред македонската публика.

„Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор од XVII век. Филмот, кој е и македонски кандидат за „Оскар“, ја следи судбината на Никола, земјоделец кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа бел штрк со повредено крило. Од таа средба почнува магична врска што станува метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж.

фото: МИА

Tags: СилјанТамара Котевска
Next Post

Клуб на пратенички: Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат сите институции

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk