ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Уапсени 15 лица во акција против пустошење шуми, меѓу нив полицајци и службеници, предизвикале штета од над 100 милиони евра

September 19, 2025 18:10
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Фото: МВР

Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за гранични работи и миграции и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе акција, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“, „давање поткуп“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

-Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Берово и една локација во Пехчево. Притоа, од слобода се лишени 15 лица, од кои дел од нив се службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи, во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ и службено лице вработено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лица кои вршеле сеча и транспорт на дрва. При претресите се пронајдени и одземени парични средства околу 185.000 евра, 318.000 денари, повеќе телефонски апарати, документација, две ловечки пушки и воздушна пушка, 75 куршуми калибар 12 мм и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата, информираат од МВР.

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, денеска до ОЈО за ГОКК поднела кривична пријава против сите 15 физички лица и против едно правно лице, и тоа против Т.К.(35) за „злосторничко здружување“, „пустошење на шуми“ и „давање поткуп“, против О.М.(37)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Е.И.(29) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.Р.(46) , В.В.(49) , Б.Ш.(49) , Д.В.(61)  и Б.М.(47) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „пустошење на шуми“, против Г.А.(39), А.К.(38) и Н.А.(43) за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службена положба и овластување“, „пустошење на шуми“ и „примање поткуп“, против П.К.(61), М.С.(30)  и В.М.(54)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, против Ј.А.(36)  за „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“ и против правно лице од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомненеи за сторено кривично дело „пустошење на шуми“.

Имено, во текот на 2025 година пријавените Т.К., О.М. и Е.И. формирале злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело пустошење на шуми, на начин што покрај легалната сеча на дрвна маса на територијата на општина Берово (с.Двориште), вршеле и нелегална сеча, транспорт и продажба, како би оствариле противправна имотна корист за себе и за сметка на правното лице, а на штета на државниот буџет.

-Пријавените Г.А., А.К. и Б.Ш., спротивно на Статутот, Законот за шумите, Правилникот за видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни асортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечени дрва, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници (чл.8, чл.9, чл.12 и чл.13) и Правилникот за систематизација на работни места при ЈП „Национални шуми“ им овозможувале на организаторите нелегално исечената дрвна маса да биде транспортирана, ставена во промет и дистрибуирана до правното лице, како и до крајните корисници, наводно поткрепена со соодветна документација, за што им бил исплаќан паричен надоместок-поткуп за да го извршат дејствијето. Исто така, покрај вработените во ЈП „Национални шуми“, организаторите биле навремено известувани за вршење на контроли по пријави од граѓани и од страна на пријавената Д.В, информираат од МВР.

Во нелегалната сеча се приклучил и пријавениот Н.А., кој во два наврата за две различни локации побарал и примил поткуп, со тоа што во август и септември им понудил на организаторите да извршат сеча на опожарена шума, без да биде објавен јавен повик, со што им овозможил дрвната маса слободно да ја пуштат во легалниот промет.

-В.В., Б.М. и Г.Р., заедно со Е.И. и по насоки на Т.К., оддавале информации за движење на контролните патроли од МВР во пределот на с.Двориште, како и не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности. Исто така, В.В. посредувал при продажбата на нелегално исечената дрвна маса, иако бил запознаен дека организаторите за добивање на документацијата давале поткуп, додека Б.М. оддал информација за реализација на предмет поврзан со криминалната група.

П.К., татко на Т.К., М.С. и Ј.А., по насока на Т.К. вршеле бесправна сеча во пределот на с.Двориште, утовар на истата и превоз до одредена локација, иако не биле вработени во правното лице кое имало добиено лиценца за сеча, истите знаеле и биле свесни дека вршат сеча надвор од локацијата, додека пак пријавената В.М. евидирала како сопственик и управител на правното лице преку кое се вршела продажба на дрвна маса, како преработка на дрвна маса за даски и греди за градежни потреби  и изработка на пелети за греење.
Со горенаведените инкриминирани дејствија, пријавените физички лица и правниот субјект предизвикале опустошување на околу 6.000 хектари шумска површина и исекле околу 1.500.000 кубни метри дрвна маса во вредност околу 6.405.000.000 денари, стои во соопштението од МВР.

Претходно Обвинителство информира дека постапувајќи по кривична пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, додека шестмина од нив и за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела „давање поткуп“, а на еден осомничен и кривично дело „примање поткуп“.

Next Post

Русија повторно со провокации: Три руски воени авиони го нарушија естонскиот воздушен простор

НАЈНОВО

Затворање на есенското издание на фестивалот „Перформанс платформа“ со перформансот „CODOMESTICATION“

November 18, 2025
Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk