ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството

September 22, 2025 10:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и другите говорници на комеморацијата на стадионот во Атланта, убиениот Чарли Кирк го нарече маченик, додавајќи дека неговото име ќе живее засекогаш во хрониката на најголемите американски патриоти.

Посебно обраќање претседателот имаше за родителите на Кирк и вдовицата Ерика, изразувајќи го своето најдлабоко сочувство и истакнувајќи дека Кирк во своите 31 година донел повеќе добро и љубов на овој свет отколку што повеќето луѓе донесуваат во текот на целиот свој живот.

Повеќе десетици илјади присутни на комеморацијата тој, исто така, ги потсети на зборовите кои, како што тврди, Кирк му ги кажал пред неговата смрт: „Ве молам, господине, спасете го Чикаго“. Трамп вети дека ќе го стори токму тоа – да го спаси Чикаго од ужасен злостор.

На крајот од својот говор, Трамп ја повика вдовицата Ерика Кирк на сцената, а публиката го поздрави со громогласен аплауз кога зборуваше за волјата на Кирк за борба.

„Лекцијата од животот на Чарли е дека никогаш не треба да се потценува што може да направи една личност со добро срце, праведна кауза, светол дух и волја да се бори, бори, бори“, рече Трамп.

Тој додаде дека Америка мора да продолжи да се бори за земјата „за која живееше Чарли, слободата за која умре и за вредностите во кои длабоко веруваше“.

„Чарли создаде нешто посебно, Turning Point USA, и под водство на неговата сопруга Ерика, ќе стане поголемо и посилно од кога било досега“, рече тој.

Иако говорот имаше емотивни делови, Трамп го искористи и за низа политички пораки. Зборуваше за „левичарски манијаци“ кои ги обвини за поттикнување политичко насилство и објави дека Министерството за правда ги истражува нивните мрежи. „Насилството најчесто доаѓа од левицата“, нагласи тој.

Тој, исто така, ги нападна медиумите и телевизискиот водител Џими Кимел, кого го нарече неталентиран, откако вториот ги исмеа изјавите на Трамп за смртта на Кирк. Во својот говор, тој се осврна и на Џо Бајден, исмејувајќи го за неговиот неповрзан настап, и рече: „Чарли знаеше што значи повторно да се направи Америка голема“.

Трамп отиде чекор понатаму објавувајќи дека неговата администрација ќе ја пронајде „причината за аутизам“, тврдејќи дека станува збор за лекот Тиленол, што е спротивно на медицинските упатства.

Претседателот, исто така, објави дека Кирк постхумно ќе биде награден со Претседателскиот медал за слобода. Церемонијата, рече тој, ќе се одржи во Белата куќа, „во многу безбедниот Вашингтон“, местото кое Кирк наводно „длабоко го  почитувал“.

Додека Ерика Кирк повика на прошка во духот на верата, Трамп отворено рече: „Го мразам мојот противник и не му посакувам се најдобро“.

Tags: КирккомеморацијаТрамп
Next Post

Ким Џонг Ун е подготвен за разговори со САД, но без нуклеарно разоружување

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk