ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Марина Костова е првата македонска филмска критичарка избрана за потпретседателка на Светската федерација – ФИПРЕСЦИ

September 22, 2025 10:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската филмска критичарка Марина Костова е избрана за потпретседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Ова е првпат во 100-годишната историја на ФИПРЕСЦИ филмски критичар од Македонија да биде избран во раководството на една од најстарите професионални организации во светот, што обединува здруженија на филмски критичари од 90 земји на сите континенти.

Изборот на новото раководство со 4-годишен мандат беше на Генералното собрание во Будимпешта, Унгарија на 17-18 септември. За нов претседател на ФИПРЕСЦИ е избран Ахмед Шауки од Египет, а покрај Костова за потпретседателки се избрани и Паола Касела од Италија и Елена Рубашевскаја од Украина.

„Оваа функција ја сфаќам како огромна чест, не само за мене лично туку особено за нашата Македонска секција на ФИПРЕСЦИ која, иако една од најмалите, е особено активна во жиријата на бројни филмски фестивали во светот. Почнуваме нова ера на ФИПРЕСЦИ со прекрасен и посветен тим и радосна и горда сум што и нашата мала секција ќе биде тука. Како потпретседателка на ФИПРЕСЦИ, ќе работам на враќање на почитта и поддршката за независната филмска критика. Со 100 години историја, ФИПРЕСЦИ има уникатно и моќно наследство, а мојата активност ќе биде за развивање иницијативи што ќе ја користат оваа платформа за застапување на нашата професија. Особено ќе се ангажирам за создавање партнерства меѓу ФИПРЕСЦИ и нејзините национални секции, посебно со малите како нашата во Македонија. Заедно, можеме да ја зајакнеме соработката со фестивалите, да соработуваме со засегнатите страни од филмската индустрија и да ја потврдиме неопходната улога на критичките гласови во филмската уметност“, изјави Костова.

Актуелна претседателка на Македонската секција на ФИПРЕСЦИ, Марина Костова е реномирана филмска критичарка и наградувана новинарка, заменичка-главен уредник на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК. Учествува во жирија на ФИПРЕСЦИ, меѓу кои и на фестивалите во Венеција, Оберхаузен, Виена,  Луксембург, Сараево, Истанбул, Солун и други, авторка е на неколку книги и е во авторскиот тим на првиот македонски Речник на медиумската писменост. Македонската секција е и меѓу најстарите професионални здруженија во земјава.

Создадена во 1925, ФИПРЕСЦИ од 1987 до 2024 ја водеше генералниот секретар Клаус Едер, период во кој тој ја обликуваше организацијата во она што е денес. ФИПРЕСЦИ ја доделува својата престижна награда на над 100 филмски фестивали каде има свои жирија, како и годишната Гран при за најдобар филм на годината што се врачува на фестивалот во Сан Себастијан. Наградата за откритие на годината на ФИПРЕСЦИ е и дел од годишните Европски филмски награди .

Во 2025 година, ФИПРЕСЦИ ја слави 100-годишнината од федерацијата со бројни специјални настани меѓу кои и оние на најголемите фестивали, Венеција, Кан и Берлин.

Tags: Марина КостоваФИПРЕСЦИ
Next Post

(ВИДЕО) Герасимовски пред преполните контејнери: Четири години нашите хигиеничари им ја вршат работата на Комунална хигиена

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk