ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сијарто: Нема да се откажеме од руската нафта

September 24, 2025 08:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да се откаже од руската нафта и покрај барањата од Белата куќа. Тој го истакна ова во интервју за британскиот весник „Гардијан“ на маргините на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика земјите-членки на НАТО и Европа да го запрат увозот на руска нафта. Како одговор, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, забележа дека ЕУ веќе ги намалила набавките на руски енергенси за 80 отсто. Значаен дел од преостанатите 20 проценти отпаѓа на Унгарија.

– Не можеме да гарантираме безбедно снабдување со енергија за нашата земја без руски извори на нафта или гас, истакна Сијарто за Гардијан. – За нас, снабдувањето со енергија е чисто физичко прашање. Можеби е пријатно да се сонува за купување нафта и гас некаде на друго место (освен од Русија)… Но, можеме да купуваме само таму каде што имаме инфраструктура. А ако ја погледнете физичката инфраструктура, јасно е дека без руски испораки е невозможно да се гарантира сигурно снабдување на земјата, објасни унгарскиот министер.

Унгарија и Словачка продолжуваат да увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“. Обемот на испораките е околу 200–250 илјади барели дневно, што сочинува околу 3% од побарувачката на Европската Унија за оваа суровина.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, во разговор за Гардијан во Киев минатата недела, рече дека го поддржува повикот на Трамп до Европа да престане да купува руска нафта. – Се надевам дека претседателот Орбан во Будимпешта ќе го слушне ова и ќе дејствува според апелот на претседателот Трамп да престане да купува руска нафта. Унгарија може да ја добива својата нафта од југ, рече Сикорски.

Запрашан за европскиот притисок, Сијарто ги нарече западноевропските претставници „фанатици“ и рече дека е „тотално невозможно да се води рационален дијалог базиран на факти, заснован на здрав разум“.

Но, додека односите со Брисел остануваат напнати, односот со САД значително се подобри, додаде тој, велејќи дека Унгарија беше „единствената европска влада која се надевала на победата (на Трамп)“.

– САД сега се пријател, рече тој. – Значи, да го имате американскиот претседател како ваш пријател е сосема различно во споредба со кога тие вршат притисок врз вас, без оглед на тоа што доаѓа од Брисел, е многу, многу сериозно“.

Tags: руска нафтаСијарто
Next Post

Полициските униформи без албански јазик ја отворија новата политичка фронтална линија

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk