ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Полициските униформи без албански јазик ја отворија новата политичка фронтална линија

September 24, 2025 09:04
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тендерот на Министерството за внатрешни работи за набавка на нови полициски униформи предизвика нова жестока полемика меѓу политичките партии во земјата. Во сржта на спорот е прашањето – дали униформите ќе ги содржат симболите и натписите само на македонски јазик или, согласно Законот за употреба на јазиците, ќе бидат двојазични.

Од Демократската унија за интеграција остро реагираа, барајќи повлекување на тендерот. Според Арбер Адеми, ваквиот потег на Владата е „отворен чин на институционална дискриминација“.

– Законот е јасен – двојазичноста мора да се примени на секоја буква од униформата, а не само на дел од ознаките. Наместо тоа, се наметнува еднојазичност. Тоа е спротивно на член 8, став 3 од Законот за употреба на албанскиот јазик, изјави Адеми.

Понатаму, ДУИ во својата реакција истакна дека овој чекор претставува уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да го оспори статусот на албанскиот јазик, откако претходно беше покрената иницијатива пред Уставниот суд.

– Ова е флагрантно кршење на принципите од Охридскиот договор и на духот на еднаквоста, соопштија од партијата.

Од ВЛЕН, пак, смируваат дека двојазичност ќе има таму каде што е предвидено со закон. Билал Касами гарантираше дека „во униформите, согласно законот, таму каде што треба да има натписи и симболи на албански јазик, тие ќе бидат вклучени“.

Изет Меџити дополнително појасни: „Во униформите што се нарачани, моментално нема испечатено ништо – ниту на македонски, ниту на албански, ниту на турски. Станува збор за чисти униформи. Каде што ќе биде потребно, ќе се стави двојазичност.“

Министерот за внатрешни работи, Панчe Тошковски, ја одби критиката на ДУИ со образложение дека регулативата што се применува датира од 2018 година, време кога ДУИ и СДСМ беа дел од власта.

– Тие имаа можност да го применат законот тогаш. Сега ние постапуваме според постојните прописи, истакна Тошковски.

Случајот со униформите повторно ја отвора дебатата за суштината на јазичната еднаквост во Македонија. Прашањето не се сведува само на практична примена на двојазичноста, туку и на симболиката што ја носат државните униформи. Тие не се само работна облека, туку симбол на државноста, на идентитетот и на институционалната рамноправност.

Политичката полемика укажува на поширок проблем: различното толкување на Законот за употреба на јазиците и селективната негова примена. Додека ДУИ го гледа ова како обид за минимизирање на албанскиот јазик, ВЛЕН настојува да даде уверување дека нема да има отстапки од законот.

Министерството, пак, ја префрла одговорноста кон минатото, нагласувајќи дека сегашните прописи биле донесени токму во времето на оние што денес реагираат.

Наместо техничко прашање за тендер за униформи, спорот се претвори во политички судир со длабоки импликации за меѓуетничките односи во државата. Дали униформите ќе бидат на еден или два јазика е помалку важно од прашањето – дали институциите ќе покажат доследност и почитување на принципите на еднаквост што се темел на современата, постконфликтаната држава.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНДУИМВРполициски службеници
Next Post

Од факт до лажно врамување: Лажни наративи за „нацистичка врска“ за оцрнување на ЕУ и НАТО

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk