Како што се засилуваат мерките против корона вирусот во Индија и речиси 1.4 милијарди луѓе се во карантин или самоизолација, па прв пат по 30 години Хималаите се гледаат од Индија, поточно од Пунџаб.
Луѓето кои прв пат го гледаат ова не верувале дека е можно од областа Пунџаб да се видат планините, и сега велат дека се свесни колкаво влијание има човекот на планетата и колку штети загадувањето.
Со прекинот на целиот сообраќај и индустријата, загадувањето на воздухот во Индија е на неверојатно ниско ниво.
„Не само што можеме да ги видиме снежните планини, туку и ѕвездите се гледаат навечер. Вакво нешто немам сретнато во последниве години,“ вели Сичвал, кој преку 30 години работи на подигнување на еко свеста.
А. Н. Стојчевски