Граѓаните од зградите на улица Фрањо Клуз во општина Аеродром во Скопје, кај спортскиот балон позади основното училиште Блаже Коневски, до редакцијата на Фронтлајн испратија видео од, како што велат, „секојдневниот хаос што го прават паркираните автомобили на едната коловозна лента на улицата.
– Поради тоа, невозможен е нормален проток на возилата во двете насоки и секојдневно автомобилите свират кон несовесните возачи што се паркираат на улицата, се наведува во реакцијата од граѓаните.
„Веќе станува неподносливо. Се паркираат на улица со четири трепкачки уклучени, си седат во кафулињата или си пазарат во дуќаните, без грам срам. Се прават колони и нерзвозата расте. Често има и физички пресметки. Реагираме секојдневно во пајак службата и полицијата. Понекогаш ќе дојдат креваат возила и си заминувааат. Одма потоа возила повторно се паркираат. На властите не им е грижа што проблемот е постојан а не инцидент“, истакнуваат граѓаните.
Тие апелираат до Општина Аеродром и МВР да преземат конкретни чекори за да се реши проблемот.
Властите досега не реагираат.
Ј. Ѓ.