Оскаровката Никол Кидман и нејзиниот сопруг, кантри-музичарот и добитник на „Греми“ Кит Урбан, се разделиле по речиси две децении брак, јавува CNN.
Двојката, која се венча во 2006 година, повеќе не живее заедно. Тие имаат две ќерки – 17-годишната Сандеј Роуз и 14-годишната Фејт Маргарет.
Кидман и Урбан живееја во Нешвил, Тенеси, а актерката дури и пред една недела го нарече градот свој дом во објава на Инстаграм.
Веста првично ја објави TMZ, а CNN наведува дека се обиделе да добијат коментар од претставниците на актерката и пејачот.
Ова е втор брак за Кидман. Таа претходно беше во брак со актерот Том Круз од 1990 до 2001 година, со кого посвои две деца – Изабела (32) и Конор (30).