Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.
Како што соопшти Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова на средбата се разговарало за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.
-Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ, сре наведува во соопштението.
Тој изразил подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.
На средбата била потврдена потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план како и проширување на соработката на сите полиња.