ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меџити: Интензивна изградба на булевари и паркинзи во Чаир е мој врвен приоритет

October 7, 2025 14:43
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес конференција го претстави првиот основен столб на неговата изборна програма, детален план за целосна модернизација на патната инфраструктура и конечното решавање на проблемот со паркирањето во Чаир.

Меџити во своето обраќање истакна дека Чаир ќе биде модерна, уредена и функционална општина, каде што, како што рече, секојдневниот живот на граѓаните ќе биде полесен и поквалитетен. Според него, најголемата инвестиција во историјата на Чаир ќе се реализира во областа на паркирањето, со конкретни проекти што ќе го олеснат животот на жителите.

-Нашата визија е јасна, Чаир ќе стане модерна, уредена и функционална општина, место каде што секојдневниот живот на граѓаните е олеснет, а не отежнат. Затоа, во следните четири години, нашиот фокус ќе биде на капитални проекти што носат ред, безбедност и европски стандарди. Нема да има импровизации, туку системски решенија. Имаме владина одлука и отворена набавка за изградба на подземна гаража на две нивоа под плоштадот „Скендербег“, со капацитет од 800 возила и површина од над 12.500 метри квадратни. Ова ќе го ослободи централното јадро, ќе овозможи нормално функционирање и ќе ја зголеми вредноста на Чаршијата, изјави Меџити.

Тој најави дека ќе се изградат и катни гаражи на пет клучни локации, кај комплексот „Чаирчанка“, во населбата „Саук Чешме“, во „Топанско поле“ (близу големиот паркинг), на булеварот „Никола Карев“ и кај салата „Партизан“.

Во вториот дел од презентацијата, кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити најави широка офанзива за изградба и реконструкција на патишта, со цел Чаир да добие модерна и безбедна инфраструктура за пешаци, велосипедисти и возила.

Меѓу најзначајните проекти, според него, се проширувањето на улицата „Цветан Димов“ во булевар со шест ленти и велосипедски патеки, проширување на булеварот „Мит’хат Фрашери“, поврзувањето на улицата „Џон Кенеди“ со булеварот „Никола Карев“, што ќе создаде нов коридор за сообраќај, изградба на булеварите „Хрватска“ и „Црна Гора“ кои ќе го олеснат движењето од Автокоманда кон Сарај, како и изградба на кружен тек во Гази Баба, во близина на парк шумата Гази Баба, кај Природно-математичкиот факултет.

Меџити го претстави и планот за целосна реконструкција на улиците во неколку важни маала на општината.

-Во Топаана се завршува улицата „Максут Садик“ и се продолжува со други проекти, во Стариот Чаир ќе се реконструираат улиците „Парашќеви Кирјази“, „Дервиш Хима“, „Емин Дураку“ и „Струмичка“; во Топанско поле ќе се реконструираат улиците „Ферид Мурати“, „Исмаил Ќемали“, „Мехмет Гега“ и „Методија Митевски“, како и целосна реконструкција на големиот паркинг со површина од 2.150 м²; додека во „Тенеке Маало“ ќе се изврши целосна реконструкција на улиците 1, 3, 5, 7, 9 и 20. Ќе воспоставиме ред и европски стандарди. Ќе има целосно ново јавно
осветлување и подземни електрични инсталации во Стариот Чаир и Топанско Поле за поголема безбедност и модерен изглед. Ќе работиме на систематизација на еднонасочните улици, нагласи тој.

Меџити потенцира дека оваа програма е резултат на директна соработка со граѓаните и содржи конкретни решенија, а не, како што рече празни ветувања.

Tags: Меџити
Next Post

Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk