ЦИВИЛ организира конференцијата „Зелените доаѓаат!“ за предизивиците и можностите во областа на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот, како и за нивната меѓусебна поврзаност и неделивост.
Конференцијатаќе се одржи на 25 октомври во хотел „Порта“ (Аеродром) од 12 до 14 часот. На конференцијата се поканети граѓански организации и иницијативи, политички партии, институции на национално и локално ниво, медиуми и сите заинтересирани граѓанки и граѓани.
Оваа конференција има цел да промовира зелени вредности кои ги вклучуваат и се во единство со темите поврзани со социјалната правда и антинационализмот.
„Суштински важно е да се разбере дека кога зборуваме за зелените вредности, тоа не подразбира само заштита на животната средина, туку и заштита на човековите права и слободи, социјална и еколошка правда, економска и еколошка благосостојба, еднаквост и антидискриминација. Зелените доаѓаат насекаде во светот. Северна Македонија мора да се приклучи кон глобалните трендови и процеси“ – велат од организацискиот тим на конференцијата.