ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ѓорѓиевски од Карпош: За 4 години ќе успееме да го обновиме овој руиниран систем

October 9, 2025 08:01
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред граѓаните во Карпош вечерва се обрати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, кој меѓу другото истакна дека клучката Момин Поток мора да се заврши и оти нејзината доизградба ќе го деблокира сообраќајниот хаос во целиот северозападен дел на градот.

-Мене добро ме познавате како четиригодишен градоначалник на општина Кисела Вода и знаете колку цврсто и колку силно се борев за моите сограѓани, дали станува збор за хигиената, дали станува збор за парковите, дали станува збор против бетонизацијата или за реализација на било кој проект, ја начекав општината во слична состојба каква што е и градот денес, руинирана од секој аспект. Благодарение на претседателот на Владата и поддршката негова, успеавме за четири години да изградиме општина којашто е една од најуспешните општини во државата, истото ви го ветувам и за градот Скопје. Со силна поддршка од Владата ќе успееме за четири години целосно да го обновиме овој руиниран систем во којшто живееме денес, рече Ѓорѓиевски.

Тој вети дека шест месеци од назначувањето како градоначалник на град Скопје ќе се реши мостот на Љубљанска и конечно ќе биде ставен во функција, како и решавањето на клучката Момин Поток која исто така ќе биде довршена.

-Кога ја работевме програмата заедно со вас, она што најмногу го приметив кај нив беше, тоа дека се изморени со години некој да ги лаже и да им ветува напразно, тоа напразно ветување е поврзано и со мостот на Љубљанска којшто сакам да ветам денеска пред сите дека за шест месеци откако ќе станам градоначалник на градот Скопје конечно ќе биде ставен во функција и ќе биде конечно растеретено тоа сообраќајно тесно грло. Сакам да ја споменам и клучката кај Момин Поток, и таму ќе имаме сериозен акцент и за многу скоро и клучката кај Момин Поток ќе биде довршена. Кога сме кај проектите за Карпош, сакам да го истакнам мега паркот кај Лепенец, тоа беше барање од сите граѓани, така да во првите шест месеци ќе започнеме со изградба на овој мега парк каде што сите карпошани ќе можат да се рекреираат со своите семејства. Во наредните четири години постоечките паркинзи ќе бидат целосно реорганизирани, ќе се воведе зонско паркирање но и ќе поставиме нови монтажни гаражи за да се среди хаосот со паркирањето, истакна Ѓорѓиевски.

Next Post
Скриншот

Херцог: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Битолчанец лишен од слобода откако со нож ја убил сопругата

May 14, 2026

ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

May 14, 2026

ЈП „Комунална хигиена“: Транспортирани 200 кубни метри отпад од акцијата „Генералка викенд“

May 14, 2026

СДСМ: Мицкоски и Филков молчат повеќе од 30 дена, намерно го штитат Груевски од екстрадиција

May 14, 2026

Луциден сон со нова песна и видео спот „И пак те нема“

May 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk