ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

October 11, 2025 21:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

По објавите на Бранко Героски од Плусинфо, во кои се сугерираше дека ИРЛ сокрила и селективно објавувала докази во нивната сторија за Кочани, ИРЛ попладнево жестоко реагираа со фактографија.

Реакцијата на ИРЛ со наслов „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници или како Бранко Героски редовно ги „истражува“ ИРЛ, но никогаш олигархијата и мафијата“, ја пренесуваме во целост.

„За Бранко Героски, долгогодишен уредник, ко-сопственик и главен и одговорен уредник на порталот „Плусинфо“, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес, што е не само контрадикторно, туку и штетно за јавноста и за засегнатите од пожарот во „Пулс“. Неговите објави по ништо не се разликуваат од оние на анонимните твитер-профили и контроверзни медиумски ликови како Зоран Буревесник и Марјан Доказ.

По Зоран Божиновски, т.н. Буревесник, и разни анонимни твитер-профили кои тврдат дека истражувањето за Кочани било направено за да се заштитат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од една страна, па дури и Левица и Бугарите од друга, денеска Бранко Героски тврди дека сторијата се објавила за да се заштитат државниот јавен обвинител и поранешни функционери од СДСМ – Оливер Спасовски, Сања Лукаревска и Благој Бочварски.

За Бранко Героски, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес, што е не само контрадикторно, туку и штетно за јавноста и за засегнатите од пожарот во „Пулс“.

Неговите објави по ништо не се разликуваат од оние на анонимните твитер-профили и контроверзни медиумски ликови како Зоран Буревесник и Марјан Доказ.

Редакцијата на ИРЛ ги отфрла обвинувањата на Героски како неточни, злонамерни и штетни по јавниот интерес.

Во својата објава Героски сугерира дека ИРЛ намерно ги сокрила имињата на функционери од СДСМ за да ги заштити обвинителите и државниот јавен обвинител Коцевски, и да ја сврти приказната на штета на Владата.

„Кој и како одлучил кој дел од телефонската комуникација да ѝ го презентира на јавноста, а кој да го скрие?“ – прашува Героски, иако самиот не нуди одговор на ова прашање. Во истата објава тврди дека сторијата за Кочани е „нарачка“ од некакви мрачни сили, за веднаш потоа да признае дека не се разбира во истражувачко новинарство и не знае што е јавен интерес.

Во целата телефонска комуникација на Михаил Јованов, синот на сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, којашто била доставена до судот, а ја поседува ИРЛ, не постои ниту еден доказ дека тој или некој од обвинетите оствариле директна комуникација со Оливер Спасовски, Сања Лукаревска или Благој Бочварски.

Комуникацијата што ја објави ИРЛ се одвива исклучиво меѓу Михаил Јованов и даночните контролори Драган Паунов и Дуле Димитриев, како и други инспектори со кои тој имал директна комуникација. Оваа комуникација докажува директна и непосредна инволвираност во следниве дела: оддавање доверливи информации, злоупотреба на службена должност и примање поткуп.

Иако ги обвинува ИРЛ дека кријат информации, единствениот аргумент за тоа му е изнесеното тврдење дека одреден свиркач му дал само делови кои што тој ги побарал, што укажува дека Героски не е заинтересиран за целата вистина, причината поради која ние сме нападнати. Зошто, доколку имал пристап до информации од целата истрага, не ги побарал сите документи, нешто што би го направил и новинар почетник. ИРЛ, за разлика од Плусинфо, своите податоци ги провери и потврди од два независни извори, за што ни беше потребен исклучителен напор, време и ресурси. Доколку имал ваков пристап порано од сите други, тогаш зошто не и помогнал на јавноста и на жртвите да добијат квалитетна правда? Контрадикторно, тој смета дека ова сепак не е тема за која медиумите треба да известуваат.

Героски сугерира и дека ИРЛ го штити државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, што претставува невистина. Напротив, работата на овој обвинителски тим е и клучната критичка аргументација во сторијата на ИРЛ за што потврда се и бројните реакции од оваа институција по објавата.

Истражувачкото новинарство, особено она што се води според светски професионални и етички стандарди, подразбира обезбедување докази за сите тврдења и барање на втора страна. Задачата на новинарите не е да пласираат непроверени информации, туку да ја информираат јавноста објективно, точно и вистинито.

Героски има напишано многу објави, но ретко во интерес и одбрана на обичниот граѓанин. Наместо тоа, неговата работа често е посветена на промоција и заштита на моќни луѓе како Кочо Анѓушев, Јордан Камчев, Ратко Димитров, Жан Митрев и други пријатели и огласувачи.

ИРЛ, според Героски, е „лош општествен актер“ достоен за напад од неговото селективно перо, но во исто време, тој дава поддршка на медиуми како порталот „Доказ“, чиј сопственик Марјан Стаменковски беше уапсен со 90.000 евра во кеш, додека Героски дежураше пред неговиот стан.

Истовремено, Героски ниту еднаш не известуваше од протестите во Кочани што говори за неговите вистински мотиви повеќе од сите негови објави за ИРЛ.“

Истовремно Рацин.мк попладнево објави информација дека текстот на Героски тенденциозно наведува на манипулации.

Во комуникациите што ги објави Plusinfo се појавуваат повеќе обиди за „ургенција“ околу кочанската дискотека „Пулс“  и кафулето Класик, на истиот газда во центарот на Кочани – вклучително и разговори во кои се спомнуваат обиди за интервенции врз високи партиски и институционални имиња, со цел да се избегне пломбирање или да се намалат санкциите.

Во еден пасус се опишува како во јуни 2023 се бара помош „да не пломбираат“, при што се наведуваат контакти кон функционери и инспекциски структури; наводите се презентирани како делови од анализирана телефонска комуникација доставена во судот како доказен материјал.

Сепак, според информациите што ги доби Рацин.мк, ниту една од тие ургенции не поминала: кафулето на газдата на „Пулс“ билo пломбирано  поради неиздавање фискални сметки, согласно законската постапка, без оглед на обидите за влијание. Ова кореспондира со линијата на Обвинителството дека комуникациите служат како индиции, а не како основ за запирање на инспекциските мерки, и дека материјалот е целосно доставен на судско ценеење.

Обидите за политички и институционален притисок постоеле во комуникациите, но на терен преовладала формалната процедура – објектот бил запечатен, а ургенциите останале без ефект.

Оригиналниот текст на уредникот на ПлусИнфо Бранко Геровски може да го причитате на овој линк.

Tags: ГероскиИРЛКочаниПулс
Next Post

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат заради лагите и манипулациите

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk