Палестинското исламистичко движење Хамас денеска објави список со имиња на 20 израелски заложници кои ќе бидат ослободени како дел од првата фаза од договорот со Израел.
Израел и Хамас минатата недела потпишаа договор за прекин на огнот во Газа и за ослободување на Израелците што ги држи палестинското движење, а кои беа земени како заложници во нападот на 7 октомври, во замена за Палестинците кои се во израелските затвори.
Ова е првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Појасот Газа.