ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Адеми: Ги решаваме проблемите, комуникацијата наставник – ученик е најважна

Адеми повтори и дека за онлајн-наставата има законска основа со донесените уредби од Владата кои имаат сила на закон и дека постепено ги решаваат сите проблеми за кои биле критикувани.

April 9, 2020 10:05
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизвиците во реализирањето на онлајн-наставата се надминуваат со секоја донесена мерка, а предизвици има и кога таа се реализира во нормални услови. Најважно е да се обезбеди двонасочна комуникација меѓу наставникот и ученикот, а информациите  за тоа се охрабрувачи, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во гостување во  „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој потсети на преземените мерки за да се продолжи воспитно-образовниот процес во училиштата откако на 11 март беше прекината класичната настава – најпрво со „ТВ Училницата“ на МРТ и препорачаните бесплатни апликации и платформи за учење од дома, националната дигитална платформа Едуино и најновата мерка – решение на проблемот за децата од социјално загрозени семејства на кои со донацијата од „Телеком“ им е обезбеден бесплатен мобилен интернет за да пристапат на платформите за учење.

– Нудиме учење од дома, каде што секој наставник е должен да држи двонасочна комуникација со ученикот, па на крај може и да го оценува. Нудиме и национална платформа за далечинско учење – снимени се видеолекции од нашите активни наставници.

На 33.000 деца кои имаат статус на ученици од социјално загрозени семејства одлучивме да им доделиме картички со 10 гигабајти интернет секој месец, бесплатно, изјави министерот.

Адеми повтори и дека за онлајн-наставата има законска основа со донесените уредби од Владата кои имаат сила на закон и дека постепено ги решаваат сите проблеми за кои биле критикувани, како немањето законска основа, немање пристап до интернет за сите деца итн.

– Го обезбедивме законскиот основ со донесување уредби. Потоа бевме критикувани дека нема интернет. И тоа го обезбедивме. Потполно сме свесни дека има предизвици, но кога се сака, се може, рече Адеми, додавајќи и во оваа прогода дека за следење настава од далечина не се потребни скапи и софистицирани ИТ-уреди, туку е најважно да се одржи  двонасочната комуникација помеѓу наставникот и ученикот.

Next Post

Во изминатото деноноќие полицискиот час не го почитувале 97 лица

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk