ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 14, 2025 09:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, во рамки на набљудувањето на локалните избори 2025, констатира повеќе случаи на злоупотреба на (сопствените) деца и малолетници за време на предизборната кампања од речиси сите кандидати во трката за градоначалник. Децата станаа реквизит во трката за градоначалник. Политички поени на грбот на најмладите.

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовоте на СДСМ, Мартин Костовски ги внесе малолетните ќерки во изборната кампања. Тој на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека неговите ќерки нацртале цртеж за негова политичка поддршка. Во објавените цртежи малолетните деца ги напишале пораката од кампањата на СДСМ „Се бориме за нашиот дом“ и бројот на избирачкото ливче на партијата.

,,Најголема поддршка од мои ќерке рано сабајле, идемо у нов дн у нову победу”, напиша Костовски.

Реакциите не изостанаа – дел од медиумите и социјалните мрежи го отворија прашањето за границата меѓу родителство и политичка злоупотреба.

Порталот Expres.mk во објавата за злоупотреба на деца на Костовски на нивната Фејсбук страница додале коментар – „Меѓаши се слушаме ли – Ќе му помогне ли на кандидатот тоа што своите деца ги внесе во изборна политичка трка од најмала возраст“?

На социјалната платформа Х, профилот Робусна акција објави: Експрес, порталот на Горан Момировски шеф на Кабинет на Баба Гога, ги повикува Меѓаши да реагираат зошто Мартин објавил цртеж кој го насликале неговите ќерки. Дали вака реагираше за Орце и зошто не? Иако според мене нема ништо спорно и во двата случаи, чисто да ви доволам какви куртони се вмровските партали а уште повеќе нивните газди.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, на 5 октомври објави фотографија со неговиот син со коментар: Од теренските активности, малку заслужен одмор со мојот најголем извор на енергија, синот Ведран.

Инаку, според Импресиумот на Expres.mk издавач на порталот е Друштво за медиуми, комуникации и услуги ЕКСПРЕС МЕДИА ГРУП ДООЕЛ Скопје, а Горан Момироски е редовен колумнист и соработник (од 17 Мај 2017 до 15 Мај 2024 година).

Исто така, на 5 октомври, носителката на советничката листа за Град Скопје на Левица, Катерина Јовановска, на својот Фејсбук профил објави: „Само што ни пријде на штанд детенце од 3-4 годинки и ни вика “Знаете ли дека татко ми ќе гласа за вас”. Па нема поубаво чувство кога си цензуриран, а сепак си виден“.

Иако во овој случај детето не било директно вклучено во кампања, примерот покажува колку лесно малолетниците стануваат дел од политички наративи. Да не беше изборна кампања, каде што се е дозволено, нели, за глас повеќе, сигурно твитер заедницата ќе си правеја хе-хенца со хаштаг #НеСеСлучило или #НеСеДесило.

ЦИВИЛ смета дека ова претставува двојна злоупотреба, најпрво на јавната функција, а потоа и на децата кои, иако не смеат да бидат дел од политички активности, се појавуваат во партиски објави.

ЦИВИЛ повторно апелира до институциите, партиите, медиумите и родителите: веднаш да престане вовлекувањето на децата во политиката. Институциите мора да реагираат со решителни санкции против сите кои ќе се обидат да ги користат децата за свои политички цели.Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон! Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата јасно утврдува: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.Заштитата на децата е законска обврска, а злоупотребата мора да престане – веднаш!

Преземено: Цивил Медиа


ЦИВИЛ МЕДИА | Оваа анализа е подготвена со поддршка од Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (CIVIL Hybrid Threats Monitoring – CHTM)
Next Post

Истакнати американски медиуми го отфрлаат ограничувачкиот нов правилник на Пентагон за новинарите

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk