Пред нас е најважниот избор ,избор меѓу застојот и иднината, меѓу апатијата и надежта, меѓу лажните ветувања и она што можеме заедно да го изградиме, порача на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Павел Иванов.
-Веќе видовме што значи неработење, нечесност и заборавени граѓани. Но , знаеме и колку вреди нашата енергија, нашата упорност и нашата желба Штип повторно да блесне. Во недела, имаме моќ да го промениме тоа. Имаме можност да и дадеме шанса на новата енергија, чесната работа и вистинската визија, вели Иванов.
Тој ги повика граѓаните на Општина Штип да гласаме за луѓе кои знаат, сакаат и умеат да го вратат достоинството на Штип.
-Во недела Гласај за број 5 – за градоначалник што ќе работи за народот, а не за лични интереси! Во недела Гласај за број 5 – за советничката листа што ќе го врати гласот на граѓаните во советот. Не дозволувај други да одлучуваат место тебе.Твојот глас е твојата сила, порача Иванов на денешната прес-конференцијата на два дена пред Локалните избори.