Министерството за финансии на САД воведе санкции за претседателот на Колумбија, Густаво Петро, неговата сопруга и син, како и за министерот за внатрешни работи на таа земја, Армандо Бенедети.
Американската администрација тврди дека Петро има врски со трговијата со дрога, јави Блумберг.
Трамп го нарече претседателот на Колумбија „нелегален лидер на пазарот на наркотици“, обвинувајќи го дека дозволува трговијата со дрога да се шири под негово владеење и се закани дека ќе воведе санкции врз колумбискиот извоз.
Потегот доаѓа по одлуката на Трамп во септември да ја отстрани Колумбија како партнер во борбата против наркотиците, ставајќи го долгогодишниот сојузник на САД во иста категорија со Венецуела, Боливија, Авганистан и Мјанмар, наведува Блумберг.





