Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во домашна изолација. Минатата недела имале интервју со телевизиски новинар кај кого е дијагностициран Ковид 19.
Заев немал симптоми, резултатите од тестот кој му е направен ги чека во самоизолација во Струмица.
Во колумната за Цивил медиа со наслов „Џисус Крајст Мицкоски“ Сашо Орданоски му порачува на Мицкоски: Де, закопчај тоа мантилот и поседи дома.
Видео порака на шефицата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје Џихан Тавилах, која им порачува на граѓаните да не излегуваат од дома освен во ситуции кога навистина мораат.
Мерката за поддршка на работодавачите од приватниот сектор за 14.500 денари плата по вработен може да ја користат и управителите и сопственици на бизнисите вработени во истите.
Тројца гостиварци синоќа биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, откако не ја прекинале бучната забава и навредувале полицајци.
Бидете уверени дека со почитувањето на мерките со секој нов ден се приближуваме поблиску до целта што си ја поставивме – да го запреме ширењето на вирусот и да го сочуваме здравјето на секој поединец и на заедницата, порача премиерот Оливер Спасовски.
Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија ги повикува граѓаните, во услови на рестриктивна слобода на движење, во услови на борба со пандемијата и ангажираност во таа борба на интервентните човечки ресусрси со кои располага државата, со особена одговорност да се однесуваат кон можноста за предизвикување на пожар.