Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во нова објава на TruthSocia изјави дека Соединетите Држави поседуваат повеќе нуклеарни оружја од која било друга земја во светот, тврдејќи дека тоа било постигнато во неговиот прв мандат со „целосно обновување и модернизација“ на арсеналот.
„Поради огромната деструктивна моќ, го мразев тоа, но немав избор!“, напиша Трамп, додавајќи дека Русија е втора по големина на нуклеарен арсенал, а Кина „далеку трета“, но дека би можела да се изедначи во рок од пет години.
Тој најави дека го задолжил „Одделот за војна“ да започне со тестирање на американското нуклеарно оружје „на рамноправна основа“ со останатите држави, наведувајќи дека процесот ќе започне веднаш.
Изјавата предизвика бурни реакции во јавноста, бидејќи терминот „Department of War“ (Оддел за војна) не се користи официјално од 1947 година, кога институцијата беше преименувана во Министерство за одбрана (Department of Defense).
Американскиот претседател го објави ова кратко пред планираниот состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја. Кина е исто така воспоставена нуклеарна сила.
Според извештајот на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), во моментов има девет нуклеарно вооружени држави: САД, Русија, Кина, Обединетото Кралство, Франција, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел.
Само неколку дена претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја нагласи воената сила на нуклеарната сила за време на состанокот со неговиот генералштаб во команден центар на непозната локација.
Путин рече дека војската постигнала бројни успеси во војната против Украина и потврди дека тестирањето на нуклеарната ракета со долг дострел „Буревестник“ било успешно.
Според руските власти, ракетата „Буревестник“ била тестирана на 21 октомври за време на неодамнешната вежба на руските стратешки нуклеарни сили.
Ј. Ѓ.
 
			

 




 
 
