ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕУ и земјите од Западниот Балкан ќе потпишат Договор за борба против тероризмот и насилниот екстремизам

October 30, 2025 11:31
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер и претставници на земјите од Западниот Балкан денеска во Сараево ќе потпишат Договор за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам.

Договорот ќе биде потпишан во рамки на денешниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, што се одржува во главниот град на БиХ.

– Западниот Балкан не е само наш сосед. Тој е длабоко поврзан со внатрешната безбедност на ЕУ, порача Брунер во пресрет на потпишувањето на Договорот, додавајќи дека документот е уште еден чекор кон зајакнување на соработката меѓу ЕУ и земјите од регионот во областа на безбедноста.

Целта на договорот е заедничко справување со растечките закани, како што се радикализацијата преку интернет и злоупотребата на новите технологии за терористички цели, но исто така и засилување на напорите за превенција од насилниот екстремизам.

Со договорот се предвидува зајакнување на соработката на полициите од земјите од Западниот Балкан со Европол, вклучително и во спроведување на заеднички истраги поврзани со тероризам, терористички активности и безбедносни закани. Дополнително, договорот предвидува и вклучување на земјите од регионот во оперативните проекти на Центарот за препознавање на радикализацијата на Европол.

Потпишувањето на договорот доаѓа во пресрет на објавувањето на пакетот на извештаи на Европската комисија за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ на нивниот европски пат, предвидено за во вторник.

Tags: ЕУЗападен Балкан
Next Post
Фото: Х

Колку пропаганда има зад нуклеарната ракета на Путин?

Најново

Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk