ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025 23:53
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода во интервју за Алсат М оцени дека актуелниот изборен процес во земјава „на површината“ може да делува добро, но дека зад таа слика стојат сериозни и долгогодишни проблеми кои го поткопуваат легитимитетот на гласањето.

„Овој изборен процес во целата низа на површината изгледа добро но тоа не е така“, изјави тој во интервју за Алсат М, додавајќи дека за реална оценка не е доволно да се набљудуваат само двата изборни круга. „За да оцените едни избори не треба да ги гледате само двата круга на изборите“, рече претседателот на ЦИВИЛ.

Според него, главниот проблем не е само технички — туку системски. Тој укажува на „долгогодишна слабост на системот“ и на сериозни недостатоци во транспарентноста кај политичките актери. „Транспарентноста е речиси отсутна кај голем дел од политичките актери“, рече тој, повикувајќи се и на конкретни пријави за неправилности во избирачките списоци. „Луѓе излегуваат со солзи бидејќи си го гледаат својот близок на избирачкиот список кој починал пред година-две, пет. Во ЦИВИЛ имаме многу такви пријави од многу општини.“

Во својата оцена, Дерала ги поврзува и слабостите на изборниот законик со растечкиот бран на националистичка реторика и дезинформации кои, според него, доминираат врз локалните теми. „Меѓу првиот и вториот изборен круг дојдоа до израз сите стравувања на ЦИВИЛ… националистичката реторика буквално ќе ги замени сите други слогани“, оцени тој, подвлекувајќи дека нивото на омраза и националистички говор во вториот круг ги надминува некои претходни изборни процеси.

Национализмот, според претседателот на ЦИВИЛ, станува „најефтината алатка да го потцените политичкиот противник“ и често „ги киднапира“ локалните теми, бидејќи партиите „немаат што да понудат“ на граѓаните. Тој додаде дека процесот на децентрализација во земјата не е завршен, што дополнително ги комплицира локалните проблеми и дебатата околу нив.

Посебно загрижувачки, според неговите зборови, е ширењето и употребата на дезинформации: „Дезинформациите се уште една алатка со која се користат политичките актери. Состојбата е очајна. Ние се наоѓаме на дното што се однесува на медиумската култура и писменост во Европа.“ Тој предупреди и на ефектот од новите технологии: социјалните мрежи и вештачката интелигенција ја олеснуваат изградбата на лажни наративи и „мини-кампањи“ кои може да нанесат голема штета.

Во контекст на надворешни влијанија, Дерала вели дека имаат влијание и моделите на руската пропаганда — дел од, како што го нарече, „хибридниот напад“ врз Европа — се копираат и лесно се имплементираат и во нашата земја. „Тие модели се копираат и многу лесно се имплементираат и кај нас“, порача претседателот на ЦИВИЛ, нагласувајќи дека дел од таквите кампањи биле и платени од надвор.

ЦИВИЛ, како што посочи Дерала, во претходните месеци објавил и предупредувачки извештај за рано предупредување, во кој ги изложил ризиците поврзани со националистичката реторика и распространетоста на дезинформациите. Тој повика на поголема внимателност од институциите, медиумите и граѓаните, нагласувајќи дека решението бара системски реформи, подобрување на медиумската писменост и реална работа на правниот и управниот систем за да се зголеми довербата во изборните процеси.

Извор: Ј. Ѓ. / Цивил Медиа

Tags: Алсат-МДералаЦИВИЛ
Next Post
Анаис

Викенд хороскоп со Анаис - 1 и 2 ноември

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk