ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025 16:12
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Следната година ќе биде момент на вистината за сите земји кандидатки за членство, но особено за оние кои презентираа амбициозни планови, бидејќи високите амбиции доаѓаат со високи очекувања за реформи, кои тие треба да ги спроведат за да овозможат трајна трансформација на нивните економии и општества за целосно прилагодување кон демократските стандарди и вредности на ЕУ.

Ова го порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција за презентација на извештаите за напредокот на земјите кандидатки за членство на нивниот европски пат.

-Севкупно, 2025 година беше добра година за нашата политика за проширување. Имаше значителен напредок. Напредокот на патот кон ЕУ постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина покажува дека реформите се исплатуваат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во процесот, рече Кос на заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Кос нагласи дека земјава, заедно со Косово и Босна и Херцеговина, не постигнале напредок на европскиот пат од различни причини, но дека ЕК ќе продолжи да работи со секоја од нив.

Калас, пак рече дека земјава се уште не ги спровела уставните реформи, но потенцира дека изминатава година склучила договор за одбранбено и безбедносно партнерство со ЕУ.

Кос нагласи дека Црна Гора и Албанија веќе ја најавиле својата амбиција да ги завршат преговорите за членство во наредните години.

– Црна Гора е најнапредна во процесот на пристапување во ЕУ. Има постигнато значителен напредок кон пристапувањето во ЕУ, давајќи видливи резултати во потребните реформи, рече Кос.

Еврокомесарката потенцира дека Албанија постигнала „невиден напредок“ со отворањето на кластери во преговарачкиот процес и овој извонреден резултат е признание за цврстата политичка посветеност на земјата и јасните аспирации на нејзиното општество кон ЕУ.

Кос додаде дека и Украина, Молдавија и Србија неодамна поставиле крајни датуми за завршување на преговорите за членство.

– Молдавија напредуваше на својот пат кон пристапување со забрзана брзина и значително ја продлабочи својата соработка со ЕУ и покрај континуираните хибридни закани и обиди за дестабилизација на земјата и нејзиниот пат кон ЕУ. Украина ја покажа својата посветеност на својот пат кон ЕУ, напредувајќи во клучните реформи, додека е потребен понатамошен и стабилен напредок во борбата против корупцијата. Комисијата ќе продолжи да работи за да го постави Советот во позиција да започне со работа на сите кластери со Молдавија и Украина штом ќе се исполнат условите, рече Кос.

Во однос на Србија, Кос нагласи дека властите продолжуваат да тврдат дека членството во ЕУ е нивна стратешка цел, но вистинското темпо на спроведување на реформите значително е забавено.

– Србија треба итно да обезбеди напредок во изборната рамка и да го надмине застојот во областа на судството и основните права. Уназадувањето во слободата на изразување и академската слобода треба итно да се промени. Ова е она што го бараат и граѓаните на Србија, рече Кос.

Според неа, српските власти, исто така, треба јасно да го искажат својот стратешки избор, да избегнуваат анти-ЕУ реторика и да покажат попроактивна и објективна комуникација во врска со процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Кос додаде дека во Грузија, ситуацијата нагло се влошила со сериозно демократско уназадување, брза ерозија на владеењето на правото и ограничувања на основните права.

– Грузиските власти треба итно да го сменат својот курс. Грузиските граѓани бараат европска иднина, истакна Кос.

Еврокомесарката додаде дека паралелно со реформите што ги преземаат кандидатите за членство и ЕУ мора да преземе чекори за да се подготви за прием на нови членки, а паралелно со тоа ЕК ќе ги засили и напорите за да разговара со граѓаните за придобивките и предизвиците од проширувањето.

– За да се обезбеди одржување позитивната динамика во владеењето на правото, демократијата и основните права, Комисијата смета дека идните договори за пристапување ќе треба да содржат посилни заштитни мерки. Ова е за да се избегне какво било назадување од обврските преземени за време на преговорите за пристапување, рече Кос.

Таа нагласи дека идните проширувања можат да бидат успешни само ако се обезбеди највисок квалитет на реформите, ако тие станат реалност и ако се воспостават заштитни мерки за заштитат на интегритетот и демократските вредности на Унијата и по зачленувањето.

– Проширувањето секогаш мора да ја прави нашата Унија посилна. Овој успех зависи од подготвеноста. Затоа, да не се срамиме да ги водиме потребните дискусии за тоа како можеме да се осигураме дека поголемата Унија ќе биде и онаа посилна Унија што ни е потребна, заклучи Кос.

Калас од своја страна нагласи дека иако проширувањето е приоритете за Европската комисија и геополитичка потреба, но дека тоа е процес кој и натаму се базира на залуги.

– Проширувањето е неопходност за ЕУ ако таа сака да биде посилен играч на меѓународната сецена, рече Калас, додавајќи дека вратите се проширување сега се отворени и приемот на нови членки до 2030 година станува реалност.

Таа оцени дека Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнале напредок, оставрувањата на Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Турција се „мешани“, а Грузија има назадување.

Tags: ЕУКос
Next Post
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ