ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

November 8, 2025 12:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Секое сознание е напад на интегритетот на битието.

Колку е убаво да си расипан.

И глуп.

Снаодлив во времето на идиотите.

Возач на камион за ѓубре кој по скопските улици парадира како Орешник или Бук на Црвениот плоштад во Москва.

Пред Мицко.

И Орце.

Како Путин и Медведев.

Јеботе бог.

Затоа Македонецот бега од вистината за себе.

По секоја цена.

Но тој вид на одбрана е тешка самоизмама.

Бидејки илузијата не сака да напаѓа тоа што го немаш.

Освен тоа, невозможно е да се достигне вистината по пат на мислење.

Што за Македонецот е олеснителна околност.

Секогаш кога ќе се обидеме да се совладаме, настапува страдање кое го олеснува задоволството вродено во секој залуден труд околу себе.

За таа работа нема поголеми цареви од нас.

Што е и логично ако се знае дека ние сме од Александар.

Одвреме- навреме, Историјата прави да заѕвони часот за една нација.

Но, за некои нации не заѕвонува никогаш, тие се осудени да се влечат во полумракот на историјата.

Македонија.

Ми текнува на Нордот.

Која е смислата на историјата?

Да им се овозможи на народите да ја употребат и ликвидираат својата генијалност.

Ние ја употребивме генијалноста за да се создадеме како национален, државен културен и историски феномен, чиста грин-филд инвестиција, стартап на една пустополина викана Македонија, но, потоа, од мракот на измисленото минато, во прекрасниот амбиент на демократијата за неписмените, се појави вмро и го почна процесот на ликвидацијата.

Велат дека ликвидацијата е легитимација на новите актери.

Има вистина во тоа.

На почетокот беше тоа.

Мавташе со докази дека државата и нацијата се изградени без градежна дозвола од Горското началство.

И за разлика од чаирските и други скопски и охридски дивоградби, на Македонија ѝ беа удрени првите шепи на вморонските катерпилари.

Сега сме како Беко до пола.

И преку тоа.

Фрлете по еден поглед преку рамото и ќе ги видите урнатините на Македонија: од образованието, до културата, науката и економијата, архитектурата, урбанистиката, мишелинската надворешна политика.

Македонија направи Газа од себе си.

Вмро со помош на востанатиот народ против себе.

И олигархиската и интелектуална елита натопени во фолклорна патетика и строга општа, политичка и историска неписменост.

Извештајот на Европската унија за напредокот на Македонија многу убедливо покажа дека ликвидацијата се одвива многу добро и дека Брисел очекува дека наскоро ќе биде завршена.

Завчера во Дрисла беа однесени големи парчиња од Македонија во форма на ѓубре.

Повеќе од пола нација падна во транс.

Едни поради извештајот за напредокот во ликвидацијата, по овчеполски – у курац, други поради спектакуларната акција со која власта ги снабди депониите со квалитетни суровини за рециклирање во свежа смрт преку нова емисија на отрови во воздухот и ликвидација на живата сила на македонската нација и држава.

Кога историјата ќе се соочи со вакви времиња, изборот секогаш е трагедија.

Рекол Пазолини!

Тешко на оној што мисли дека ќе се спаси така што нема да учествува во трагедијата.

Додал Чеслав Милош.

Самоубиството, според Ками, се обликува во апсурдот, а апсурдот во јазот меѓу човекот и неговиот живот, во расчекорот меѓу актерот и декорот.

Претставата почна со Македонецот како актер и вморонот како декор.

Сега Македонецот е декор, а вморонот актер.

Пред десет години напишав дека кога отклонот на власта од нормалноста, од минималната пристојност и човечност, е голем колку во Македонија, судирот е неизбежен и не зависи од волјата на поединците или од карактерите на нациите. Тие отклони имаат терористички потенцијал кои во немоќта и очајот на општеството порано или подоцна ќе го родат теророт против власта.

Се случи Шарената револуција која беше ефикасно, но кадифено разрешување на судирот со теророт на власта.

Како ќе биде сега, не се знае.

Општеството е утепано, анестезирано, полумртво, масата е поблиску да прифати да ја ебат и да ја фрлаат од џамови во името на идентитетот што го нема, отколку да пружи некаков отпор.

Но, големата апстиненција на локалните избори покажа дека има простор за нови артикулации. Освен тоа, конечно почна да се отвора темата за природата на вмро. Чувствувам некое задоволство што дадов мал придонес кон тоа освестување.

Тоа што беше предност за вмро, сега ќе се јави како слабост: Сознанието за вмро ќе се разбере како напад на интегритетот на битието на Македонецот.

Со дополнителен бес од тоа што дозволил со децении да го влечат за нос и штипат за г’з.

На тоа што од него, да се надеваме, останало.

Проблемот што треба да го реши преостанатата нормалност во Македонија е како да се одговори на овие тенденции и процеси ако се знае, евидентно е, дека власта е таа што посакува крваво финале, власта е таа која работи за да дојде до болна, внатрешна самоуништувачка имплозија во Македонија.

А ако не дојде таа е исто така добитник,

Многу деликатна ситуација.

Се сеќавате на мојот статус од пред некој ден:

Нема начин да се докаже дека да се биде е подобро од да не се биде!

Македонец, на пример.

Хахаха!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Tags: вистинаВМРО-ДПМНЕидентитетХристијан Мицкоски
Next Post

(ВИДЕО) Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

НАЈНОВО

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk