Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците, објави министерот за земјоделие Цветан Трипуновски
„Неговата политичка кариера е завршена, па вака со манипулации се обидува вештачки да се одржи во јавноста, брзо заборави што им порачаа граѓаните на локалните избори пред скоро две недели. Со лаги и дезинформации не се владее.
И намести да глуми загрижен, добро би било да повика ОЈО да започне да го истражува неговото незаконско работење како поранешен министер.
Повторувам, нема простор за загриженост Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за истражување на случувањата во Агенцијата. Претходно СДС во опозиција кодошеа и ја кочеа Македонија надвор, но тоа сега не им успева.
Владата останува посветена на транспарентно и отчетно работење, спроведување на реформите, подобрување на условите за живот на граѓаните и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.
На крај би му препорачал, Љупчо ти текнува кога беше антикорупционер и врвно достигнување ти беше броењето на испиени чаши со вода на министрите, додека тоневте во криминал цела влада? Епа сега за разлика од претходно, се апси, нема повеќе наш и ваш. Принципот по кој владееше ти и владата на СДС, како до сега ЗАВРШИ. Навикни се, сега има закон, правила и прописи кои мора да се почитуваат. Секој што се огрешил пред законот и направил злоупотреба на службената позиција мора и ќе одговара“, истакна Трипуновски.
Претходно пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, побара Трипуновски да поднесе оставка, и истакна дека 130 милиони евра од ИПАРД себлокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања.
„Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка“ вели Николовски.
Поврзано:





