ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Млад отворен театар“ од 19 до 25 ноември со претстави на македонски автори поставени во театри во регионот

November 13, 2025 11:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Младински културен центар

Фото: Младински културен центар

Share on FacebookShare on Twitter

„Нашите во светот“ е насловен 50-тиот фестивал „Млад отворен театар“ кој од 19 до 25 ноември ќе се одржува  во организација на Младинскиот културен центар. МКЦ соопшти дека за јубилејното издание на МОТ подготвиле внимателно селектирани претстави, концерти и изложба и дека оваа година во фокусот се  македонските автори кои „успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти“.

-Јубилејното издание ја слави интернационалната видливост на македонската театарска мисла и ја истакнува вредноста на уметниците кои потекнуваат од нашата културна средина, а се етаблирале во европски и регионални театри. МОТ во 2025 година ќе ги донесе на домашна сцена нивните најнови претстави, создадени во театарски куќи во регионот и пошироко, овозможувајќи им на гледачите да ги видат делата на нашите режисери, актери и сценски автори кои создаваат надвор, но со јасен печат на македонската уметничка школа, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Лимениот барабан“ во режија и адаптација на Васил Христов, според истоимениот роман на Гинтер Грас, која е поставена на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград каде што македонската екипа е проширена и со композиторот Никола Коџобашија и авторот на сценографија – Константин Трпеновски.

Арсов посочува дека преку отвореноста кон експериментот, иновацијата и интернационалната размена, фестивалот придонесе за создавање на едно од највиталните и најживи културни јадра во земјата и дека со „таква водилка се селектирани и останатите претстави кои ќе бидат изведени пред скопската публика“.

-Меѓу нив е претставата на Андреј Цветановски „Куќа на граница“ – поставена во Регионално позориште Нови Пазар, Србија, во која во авторската екипа се и Сергеј Светозарев, сценографија и костимографија, и Димитар Андоновски – композитор. Потоа претставите на Ѓорѓи Ризески – „Поручникот од Инишмор“, Адриана театар од Урошевац, Косово, на Јана Маричиќ – „Коштана“ поставена во Народното позориште во Ниш, Србија, на Ана Батева – „Кучето се засмеа“ која игра во Спам театар во Софија, Бугарија, на Совран Нрецај – „Граница“ во ОДА театар Приштина, Косово, на Искра Шукарова – „Врба“ и на Агнес Нокшиќи – „Слугинки“. Во придружната програма, публиката ќе може да ужива во е имерзивниот ВР перформанс на Нина Николиќ и Борјан Стојков со наслов „Ехо од длабочината”, како и концертите на музичките состави „Zwada” и “Тhis is not” од Косово, во рамките на МОТ Музички блок програмата, како и изложба на Константин Трпеноски, соопшти МКЦ.

Затворањето на фестивалот на 25 ноември ќе биде со претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ во режија на Дејан Пројковски, во изведба на Новосадско позориште. Покрај Пројковски, како дел од авторската екипа, се и Олга Панго – кореографија, Валентин Светозарев – сценографија и Сергеј Светозарев – автор на плакатот.

Авторка на плакатот на 50. Млад отворен театар е Кристина Горовска. Целосната програма на фестивалот е достапна на официјалната страница.mk, каде што од денеска ќе може да се набават и онлајн-билетите за настаните на 50. МОТ.

Tags: МКЦМОТ
Next Post
Фото: МСУ

„Истокот e сè уште можен“ - интернационална групна изложба во Музејот на современата уметност

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk