Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ
Рама креира решенија и упорно атакува кон целта – членство на Албанија во ЕУ до 2030. Црна Гора речиси и да нема забелешки во европскиот извештај.
Во исто време, Мицкоски и Силјановска ја сведуваат Македонија на ниво на анти-европска покраина, иднината ни ја сведуваат на “тупкање топка”, а реформите ги иронизираат со потсмев од типот “аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел”.
И истите тие во исто време велат:
1) 25 години стоиме во место во евроинтеграциите
2) Македонија е понапред од Албанија во евроинтеграциите
Знаат ли да соберат 1 + 2 и знаат ли дека резултатот не е “six-seven”?
Знаат ли каде беше Албанија во 2000-та?
Знаат ли дека Македонија во 2000-та немаше ни кандидатски статус? Знаат ли дека во меѓувреме станавме членка на НАТО? Знаат ли дека сме во момент 11:59 и дека сме веројатно пред последната шасна за подобра европска Македонија?
Не знаат или си играат мајтап?






