ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди

November 17, 2025 14:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на претседател

Фото: Кабинет на претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16 пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме.

– Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна, и тоа не е време кога можат да се прават реформи. Но за мене, и претходно и сега ЕУ е уникатна политичка филозофија ја поддржуваат сите актери, јавноста на Балканот, ЕУ е перспектива, ЕУ е мотив за демократски реформи, Унијата стимулира реформи што водат до траен мир и стабилбост. Сигурна сум дека нашата интегрираност во ЕУ ќе стави крај на феноменот балканизација, како феномен на постојано менување на границите, рече таа.

Таа потсети на некогашната изјава на поранешниот еврокомесар Оли Рен дека не сме проблем за апсорпциониот капацитет на Унијата. Посочи дека ЕУ не е невин играч во се што се случуваше, туку „немаше јасна стратегија, доцнеше на Балканот, побрзи понекогаш беа САД, не беше доследна во мировното здружување, па и денеска преферира двојни стандарди“.

-Извештајот има многу добри податоци и критики, што добро треба да се анализираат и да се постапи по нив, но исто така понекогаш оценките на Европската Унија во овие 16 извештаи во вордингот секогаш се раководат од некоја клучна цел, што е она што за ЕУ е најважно во моментот и за тоа го врзуваат и моментумот. Така е и во овој извештај. По 16 пати, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме, потенцира претседателката.

Таа истакна дека ЕУ понекогаш како да е опседната со важни моменти и датуми и сега слушаме дека ова е клучниот момент, повторно треба да се качиме на возот.

– Да, ова е важен момент, зошто? Заради тоа што сме соочени со нешто што е спротивно на основната идеја на ЕУ – ЕУ е мировен проект и се случува војна. И сега зборуваме за отпорност на трети влијанија, да, треба да бидеме отпорни, ама најотпорни ќе бидеме ако сме внатре во ЕУ. Она што мислам што не смее да се заборави се посебните критериуми за нас. Зошто ние толку долго го одиме овој маратон со пречки, зошто покрај Копенхагенските критериуми, ние добивме и дополнителни критериуми, но влеговме и во процес на Стабилизација и асоцијација. Кога зборувам за чуден вординг дека реформите се исплатат, и дека некои земји за година, две, три направиле квантни скокови во реформите, тоа не можам да го прифатам. Реформите се процес. Ако ние, кои влеговме во процес на Стабилизација и асоцијација, се уште не сме стигнале да бидеме реформирани, тогаш тоа зборува за нешто друго, зборува за филозофија на морков и стап, за терапевтско управување, за диригиран суверенитет, посочи Сиљановска Давкова.

Според неа, сите оценки не можат да се апстрахираат од едно основно барање, а тоа е барањето за уставни измени.

– И кога го оценувам овој момент не можам да тргнам само од оваа констација дека годинава е најважна, туку најчесто извештајот е за период од три години. Во извештајот се вели дека нема исчекор или дека има ограничен исчекор или дека се потребни реформи. Мора еднаш прво да се ослободиме од вордингот дали има или нема политичка волја. Политичката волја е процес, таа се формира врз основа на анализа, врз основа на споредба за добрите и лошите страни и не може политичка волја да биде само нешто што оди на линија на она што е предвидено, рече Сиљановска Давкова.

Претседателката коментирајќи го извештајот, посебно потенцираше за барањето за уставни измени.

– Можете да го видите извештајот на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците, дека „решенијата од овој закон се над европските решенија“. Зборувам за малцински прашања. Мислењето на Венецијанската комисија за Уставот на Бугарија тука се бара од Бугарија „правата на лицата што припаѓаат на националните малцинства мора да бидат заштитени на ниво на Уставот“. Колку држави во Европа имаат одредби за заштита на правата на малцинствата. Многу малку, дури и придавката „француски предлог“ не знам дали соодвевстува бидејки Франција има извонредно развиена демократија, но не ја потшишува Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, па затоа оваа придавка виси, нагласи Сиљановска Давкова.

Претседателката оцени дека не е во согласност со темелните вредности и принципи и вредности на ЕУ, односно со членот 4 од Договорот за ЕУ и Лисабонскиот договор, во кои се вели дека ќе се почитуваат уставните структури.

-Да не ја губиме енергијата наместо на реформи врзани за овој извештај, но потенцирам дека најчесто ние ја губевме енергијата на други прашања. Рековте судството не ни е реформирано, имаме проблем со корупцијата и криминалот. Но зошто не е истакнато дека за првпат пред Венецијанската комисија се најде еден голем пакет закони од областа на судството и јавното обвинителство. Дали е во согласност со Рамковниот договор предложената и уставна измена за внесување на Бугарите во Уставот под терминот други, не знам дали некој анализирал, бидејки Рамковниот договор е договор за заштита на правата на заедниците, на малцинствата, истакна Сиљановска Давкова.

Во врска со политичката волја, таа оцени дека СДСМ толку многу изразувал политичка волја во однос на предлозите на ЕУ, кои не секогаш водело кон вистински реформи, што на некаков начин ја платиле цената на таа политичка волја.

– Да се фрлиме на реформи ама не заради политичка волја врзана за уставните измени, туку заради на владеење на правото. И не е точна констатцијата во извештајот дека во овие години не сме собрале волја за да го ставиме на дневен ред прашањето за уставните измени. Уставните измени дојдоа на дневен ред, пред Уставната комисија, не го поминаа ни првиот чекор, не ми е јасен заклучокот од каде е, заклучи Сиљановска Давкова на заедичката седница на НСЕ и Комисијата за европски прашања на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за земјава.

Tags: ЕУСиљановска Давкова
Next Post

Државата наплати 2,5 милиони евра од казни за непазарно однесување на трговците

НАЈНОВО

Скриншот

Синер по трофејот во Торино: За мене, нема подобар начин да се заврши сезоната

November 17, 2025
Скриншот

Макрон: Се надевам дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027

November 17, 2025
ВИ

Советот на ЕУ го заостри Механизмот за суспензија на безвизниот режим: Полесно и побрзо укинување на визи за трети земји

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk