Британската национална телевизија Би-Би-Си упати јавно извинување до кралското семејство, откако за време на преносот по повод Денот на сеќавањето ја ослови принцезата од Велс со нејзиното моминско презиме – Кејт Мидлтон. Грешката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и критики од гледачите.
Во изјава објавена на 14 ноември, Би-Би-Си призна дека примиле голем број жалби:
„За време на нашето известување од комеморациите по повод Денот на примирјето, погрешно ја нарековме Кетрин, принцезата од Велс, како Кејт Мидлтон. Тоа беа грешки направени за време на часови пренос во живо, за што се извинуваме“, соопштија од телевизијата.
Критики стигнаа и од членови на Парламентот. Пратеникот Џим Шенон на платформата X порача дека Би-Би-Си треба да ги едуцира своите водители:
„Принцезата од Велс не е Кејт Мидлтон од 2011 година. Нејзината точна титула е Кетрин, принцеза од Велс.“
Иако Би-Би-Си во најголемиот дел од преносот ја користел правилната титула, грешките одделно издвоени во преносот во живо предизвикаа бурни реакции.
View this post on Instagram
Зошто медиумите сè уште користат „Кејт Мидлтон“?
Кетрин ја доби титулата војвотка од Кембриџ по венчавката со принцот Вилијам во 2011 година. По смртта на кралицата Елизабета II во 2022 година, кралот Чарлс го именуваше Вилијам за принц од Велс, што ја направи Кетрин нова принцеза од Велс.
Сепак, многу медиуми и понатаму го користат името „Кејт Мидлтон“, главно поради интернет-пребарувањата. Google Trends покажува дека термините „Kate Middleton“ имаат убедливо најголема популарност, што ги тера медиумските куќи, како People, често да го користат во насловите за полесна видливост.
Кој е протоколарно точниот облик?
Кога Вилијам ќе стане крал, Кетрин ќе ја носи титулата кралица сопруга и ќе биде позната како кралица Кетрин – исто како што Камилa денес е кралица Камила.
Иако јавноста често ја нарекува Кејт, таа претпочита да биде ословувана со Кетрин. Според кралскиот биограф Роберт Џобсон, уште во 2008 година им испратила порака на пријателите со молба да го користат нејзиното полно име. Во јавните настапи и потписи, таа доследно се потпишува како „Catherine“.
Кралски ангажмани во неделата на сеќавањето
Принцезата Кетрин учествуваше на повеќе настани во неделата посветена на сеќавањето. На 8 ноември присуствуваше на Festival of Remembrance во Royal Albert Hall со принцот Џорџ. Следниот ден се приклучи на кралот Чарлс, кралицата Камила и останатите членови на семејството на свеченоста за Недела за сeќавања.
На 11 ноември, на самиот Ден на сеќавањето, Кетрин самостојно ја претставуваше кралската фамилија на церемонијата во Националниот меморијален арборетум – нејзино прво појавување без придружба на овој настан.
Редакција Фронтлајн





