ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога злосторството има име, а државата молчи: Северна Македонија и Гладоморот во Украина

По повод Денот на сеќавање на жртвите на Гладоморот

November 24, 2025 10:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Денес, кога повторно се навраќам на моето обраќање во Собранието на 24 ноември 2022 година, не мислам само на зборовите што ги изговорив. Мислам на тишината што следеше по нив. На пропуштената шанса на мојата земја – Република Северна Македонија – да застане на вистинската страна на историјата и конечно да го признае Гладоморот како геноцид.

Во 2022 година, кога ми беше дадена чест да зборувам во парламентот по повод Денот на сеќавањето на Гладоморот, јас не зборував само за минатото. Зборував за историската должност да именуваме злосторства со нивното вистинско име. Зборував за милионите кои беа убиени со глад, од страна на еден режим што сакаше да скрши една нација.

Системот убиваше – милиони луѓе – со глад.

Причина: затоа што се Украинци.

На крајот од говорот апелирав до парламентарците на мојата земја, Република Северна Македонија, да го прогласат Гладоморот за геноцид и да продолжат со благородната поддршка на украинската борба за слобода. Апелирав со надеж, но и со свесно „антиципирање“ на став што во реалноста ретко кога беше доследно присутен. Тоа беше повеќе повик кон она што требаше да стане политика, отколку опис на политиката што навистина постоеше.

Во Собранието тогаш изгледаше како да има волја, иницијатива и подготвеност да се отвори прашањето. Имав впечаток дека конечно има волја за вистински исчекор: пред мене, во салата, стоеја пратеници од сите политички партии. Претседателот на парламентот, Талат Џафери, најави разговори и подготовка за можната резолуција. Во кулоарите се зборуваше за можен консензус. Но во јавноста – тишина. Немаше јавна дебата, ниту медиумски интерес. Можноста за отворање на темата беше свесно задушена: уредници и медиуми избраа да не ја допрат, како да се плашеа да ја изговорат вистината што носи тежина.

Имало барања — во 2024 година украински парламентарци официјално повикуваа на такво признавање. Имало и забуна — една заедничка изјава на ОБСЕ во 2023 година го споменува нашето име меѓу земјите што ја „препознале Гладоморот како кампања на изгладнување“, но истовремено вели дека други држави го признале како геноцид. Формулацијата е нејасна, а реалноста е едноставна: во нашето Собрание, до денес, не е донесена одлука за признавање на Гладоморот како геноцид.

Така, додека десетици демократии низ светот јасно и недвосмислено го именуваа Гладоморот како геноцид, Северна Македонија остана во групата држави што тврдат дека се солидарни со Украина, но избегнуваат да ја изговорат вистината што боли.

Деведесет години по геноцидот извршен со глад, ние денес гледаме нов геноцид – со ракети, со филтрациски кампови, со депортации, со тортура, со киднапирање деца. Истата логика. Истата цел: покорување или уништување на една нација.

Рашистички систем е во убиствен, геноциден поход. Убива цивили. Причината е иста како пред 90 години: Затоа што се Украинци!  

Признавањето на Гладоморот како геноцид не е формалност. Тоа е бариера против заборавот. Тоа е јасен сигнал дека никоја држава, вклучително и Русија денес, не може да се надева дека злосторствата ќе останат без име и без последици. Ниту во минатото, ниту денес.

Затоа е важно да се признае Гладоморот како геноцид. Но… Северна Македонија избра да молчи.

И тоа молчење не е неутрално. Тоа е отворена врата за влијанија, за притисоци, за историски релативизации. Да не се признаат злосторствата почнати од Сталин, а продолжени од Путин, во време кога Украина повторно гори — тоа е политички кукавичлук, завиткан во целофанот на дипломатските изговори.

Наспроти тоа молчење, јас денес повторувам:

Гладоморот е геноцид. И Северна Македонија е задолжена од историјата и моралот – да го каже тоа јасно и недвосмислено.

Сѐ додека тоа не се случи, нашата солидарност со Украина ќе остане недовршена реченица.

Во 2022 година упатив апел до пратениците. Денес го повторувам тој апел, уште посилно:

Прогласете го Гладоморот за геноцид.

Не дозволувајте политичките калкулации да бидат посилни од вистината.

Покажете дека нашата држава не се плаши да го именува злото.

Украина денес не се бори само за својата слобода, туку и за иднината на светот во кој ниту едно зло — старо или ново — нема да биде премолчено.

И затоа повторно велам, од срце:

Слава Україні!

Слава на оние што ја избраа слободата — и пред 90 години, и денес.

 


Tags: ГладоморУкраина
Next Post
Скриншот од видео на CBC News

Педесет деца избегаа по масовно киднапирање во католичко училиште во Нигерија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk