ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Караџовски: Првите симптоми кај заразените со Ковид-19 се покачена температура, отежнато дишење и сува кашлица

Клиничката слика за Ковид-19 се базира врз податоци од Кина и искуството во Еворпа, посочи д-р Жарко Караџовски

April 12, 2020 16:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Епидемиологот од Инситутот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски на денешната видеосесија во Владата ја појасни клиничката слика на пациентите заболени со вирусот Ковид-19.

„Клиничката слика после инкубацијата од еден до 14 дена или просечна инкубација согласно кинеските искуства 5,3 до 5,7 дена просечно, се јавува почеток на клиничките симптоми кои се манифестираат прво со покачена телесна температура над 38 степени, второ отежнато дишење и суво надразнителна кашлица. Повишената температура во ист момент може да биде и кај грипот, затоа не ни оди во прилог, но епидемиолошките клинички сознанија велат дека 24 до 72 саати максимум е клиничка инкубација за грип, ако е така, а така е ова не се исти ентитети бидејќи имаме различна симптоматологија и пред да се јави симптоматологијата имаме одредена инкубација“, вели Караџовски.

Клиничките симптоми, додава тој, можат да одат во друга насока – слабост, омалаксаност, отежнато дишење, болки во згобови и мускули, а може да се јават стомачни тегоби како што се дијареа и повраќање. Она што на крајот во последниов месец дена се појавило е губиток на вкус и губиток на мирис.

„Овие десетина симптоми се круцијални за ова заболување, некои се многу слични на респираторната симптоматологија и кај другите респираторни вируси. На почеток правеа забуна, но со анкета што треба да ја направи на соодветен начин соодветно лице, а ние ги дадовме пепораките кои треба да се направат, веднаш може да се направи дистинкција меѓу едното и другото заболување“, додаде Караџоски.

Клиничката слика, посочува тој, е нешто што во моментов се базираше на податоците на Кина и од она што го гледаме од податоците во Европа и додаде оти тоа што не им одело во прилог е појавата на ова заболување во сезоната на грип.

Тоа што не ни одеше во прилог годинава во државата е што се регистрираа околу 38.000 случаи на инфлуенца (грип), што отприлика претставува некаде 18/19.000 случаи зголемено во однос на минатата година, дополни Караџоски.

Тој верува дека кога ќе помине кризата, ќе направат истражување во кое ќе кажат точно дали некој од овие случаи кои се регистрираат во сезона 2019/20 имале симптоми слични на Ковид-19 и дали тестовите што се направени само за инфлуенца, а ќе ги повторат, ќе видат дали има меѓу нив и некој со Ковид-19.

Како што информираше доктор Владимир Микиќ, изминатата сезона се пријавени само три смртни случаи од  повеќе од официјално пријавените случаи на грип.

„Со други зборови стапката на смртност  оваа сезона на грип е 0,01 процент  кој ќе го споредиме со 4,3 проценти. Ова го потенцирам зашто често пати пробува да се направи  споредба на  Ковид 19 со сезонски грип.  Се работи за две различни комплетно заболувања  и во однос  на колективниот имунитет којшто го имаме, во однос на  медицинските средства, фармацевтските средства  кои ги имаме во смисла на лекови и вакцини  и пред се во тежината на сликата’, рече Микиќ, дополнувајќи дека смртноста од Ковид-19  во однос на сезонскиот грип е поголема за 60 пати.

Next Post

Борис Џонсон отпуштен од болница

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk