ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пресуда на Судот на правдата на ЕУ: Земјите членки мора да го признаат секој истополов брак склучен во Унијата

November 26, 2025 14:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите членки на Европската Унија се должни да го признаат секој истополов брак законски склучен на територијата на блокот, пресуди Судот на правдата на ЕУ. Сепак, Судот нагласи дека оваа одлука не ги обврзува земјите членки да ги вклучат истополовите бракови во нивните национални законодавства.

Судот со седиште во Луксембург ја донесе ваквата одлуката по жалба на двајца полски државјани, кои живееле во Германија и се венчале во Берлин во 2018 година, но по преселувањето во Полска, државата одбила да го признае нивниот брак, повикувајќи се на националното законодавство кое не познава истополови бракови. Тие се жалеле до Врховниот административен суд на Полска, кој ја одбил жалбата и ги упатил на Судот на правдата на Европската Унија.

Европскиот суд оцени дека одлуката на Полска е во спротивност на правото на ЕУ, бидејќи „ги крши слободата на движење и правото на почитување на приватниот и семејниот живот“.

Според Судот, кога истополова двојка е законски венчана во една земја членка, секоја друга држава од ЕУ во која двојката ќе се пресели или живее мора да го признае тој брак.

– Од земјите членки се бара да го признаат брачниот статус законски стекнат во друга земја членка, со цел остварување на правата утврдени со правото на ЕУ, се наведува во одлуката на Судот.

Во одлуката се додава дека земјите членки „имаат дискрециско право да ги изберат постапките за признавање на таквиот брак“, како и дека таа не ги обврзува да ги вклучат истополовите бракови во нивните национални законодавства.

Next Post

„Шиен“ под истрага на ЕК поради сомнеж за циркулација на илегална содржина

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk