ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Талески: Власта призна дека нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски

November 27, 2025 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на денешното однесување на министерот за правда кој призна дека власта нема поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски и побара писмен одговор зошто.

„Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтровството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди дека нема Министерството за правда поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, барам овој одговор којшто го дадете тука пред македонската јавност, овој мизерен одговор од мизерниот министер да го поднеси писмено. Имам дополнително прашање коешто барам да ми биде доставено во писмена форма. Зошто Министерството за правда до овој момент нема поднесено барање до Унгарија за екстрадиција на

Никола Груевски?“ рече пратеникот Миле Талески.

СДСМ оценува дека ова признание е за врските на актуелната власт со Мицкоски, политичка зависност и сериозни сомнежи дека Владата свесно го штити бегалецот од правдата.

Претходно, поставувајќи пратеничко прашање, Миле Талески обвини дека „Христијан Мицкоски политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски.“

„Дури и самите политики што денес ги гледаме на оваа влада се идентични со политиките на Никола Груевски: злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, на АНБ, на УЈП, инспекции… Од друга страна напад врз независни институции, обиди за замолчување на неистомисленици, политичка хајка против опозицијата. Понатаму, меѓународна изолација, блокирани реформи, обиди за контрола врз судството, тендери за испумпување пари, корупција на секој чекор, се само копија на матрицата на Никола Груевски. Сите знаеме за патувања на министри во Унгарија на секои 2 недели. Претседателката Давкова вели не е време за реформи затоа што е време за војни, идентични ставови со оние на Никола Груевски од Будимпешта.  Сума сумарум само се потврдува впечатокот дека влијанијата од Будимпешта се многу силни.“ рече Талески.

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, рече дека се додека некое лице ужива азил, екстрадицијата ја одбиваат. Состојбата внимателно се следи и кога ќе се создадат услови ќе се поднесе ново барање, што впрочем е исто како за секој предмет за екстрадициј, се маведува во соопштението од министерството за Правда.

„Министерството за правда нема ништо заедничко со тоа министерство што го имавте вие во вашето време кога заедно со Артан Груби , Али Ахмети договаравте кој каде ќе избега. Ова Министерство си ги бара сите бегалци, но вие говорите за политички азиланти ако доволно ве следев. Што значи, дека секојпат кога ќе бидат создадени услови, Министерството за правда повторно ќе си ги бара своите граѓани. Во меѓувреме треба да дадете одговор каде се оние другите со кои што вие договаравте бегство”,потенцира министерот Филков.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиекстрадицијаТалевски
Next Post

Тренчевска: 12.000 пензионери се исклучени од покачувањето на пензиите, власта молчи

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk