ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Розенкрац: Шведска цврсто стои зад Северна Македонија, ве охрабрувам да го искористите моментумот на проширување

November 28, 2025 12:18
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за европски прашања

Фото: Министерство за европски прашања

Share on FacebookShare on Twitter

Шведска цврсто стои зад Северна Македонија, ние ве поддржуваме како со политичка волја, така и со конкретни чекори. Моето охрабрување до вас е да го искористите моментумот на проширување додека е тука, додека постои нова енергија меѓу земјите-членки за овој процес. Со сегашните безбедносни предизвици со кои сите денес се соочуваме, работејќи денес заедно како Европејци е многу поважно од кога и да било и нашата соработка е клучна за да се обезбеди мир, демократија, безбедност и просперитет во Европа и многу ги ценам разговорите што ги одржавме денеска. Ова го истакна шведската министерка за европски прашања Јесика Розенкранц на заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

-Горда сум што претставувам Влада којашто има широка поддршка за проширувањето на ЕУ. Според последните истражувања Шведска е меѓу земјите со најсилна поддршка меѓу сите земји-членки, 79 проценти од шведската јавност го поддржува проширувањето и тоа ме прави горда но и убедена дека се движиме кон вистинскиот правец, рече Розенкрац.

Таа посочи дека проширувањето на ЕУ е суштинско за градење на побезбеден континент и поисилна економија и оти во интерес на целата Унија е затоа Северна Македонија да успее со реформска работа и да се приклучи во ЕУ.

-Навистина сега е моментумот за проширување на ЕУ, поради руската агресија врз Украина сега е многу повеќе од јасно дека Европа треба да се проширува и да се зајакне соработката и затоа Шведска генерално го поддржува проширувањето. Моето охрабрување до вас е целосно да го искористите овој моментум додека е тука и додека има нова енергија меѓу земјите-членки, нагласи Розенкрац.

Одговарајќи на новинарско прашање за надминување на проблемот со Бугарија, таа посочи дека добриот дијалог со соседите е добредојден за самиот процес на пристапување.

-Добар дијалог со соседните земји е секогаш добредојден како дел од процесот на пристапување и го поддржуваме секој добар дијалог што може да се постигне во овој контекст, а за самиот процес Шведска знае дека кога ќе се усвојат уставните измени ЕУ и сите земји-членки треба да го почитуваат тој договор и веднаш потоа формално да отпочнат преговорите, рече таа.

Розенкрац ја повтори поддршката на Шведска за исполнување на реформите.

-Ја охрабрувам Северна Македонија да продолжи напред со реформите со поддршка на ЕУ и земјите-членки, особено со реформите поврзани со владеење на правото, независноста и интегритеот на судството и антикорупцијата, и верувам дека Извештајот на ЕК дава јасни насоки кон тој пат, рече министерката, рече таа.

Според неа, имплементирањето на реформите и исполнувањето на стандардите е важно не само заради самото членство, туку и за самите граѓани и оти ако Северна Македонија ги исполни сите овие реформи ќе биде во подобра позиција и ќе има побрз процес на пристапување кога ќе отпочнат преговорите.

-Вистина е дека во Извештајот за напредокот на земјава се наведува дека има застој во реформите и дека овој чекор мора да оди понапред, особено во реформите во правосудаството. И тоа е важно не само заради членството туку и за јавноста. Ова се важни теми не само за Северна Македонија, туку и за сите држави, вклучувајќи ги и земјите-членки, нагласи Розенкрац.

Таа истакна дека Шведска одбележува 30 години како членка на ЕУ, посочувајќи ги бенефитите од членството.

-Станавме побогати, посилни за да се соочиме со предизвиците, а од економски аспект влегувањето на Единствениот пазар беше од суштинска важност за шведските компании. И убедена сум дека Северна Македонија исто така кога ќе стане членка ќе ги има истите бенефити Знам дека патот е тежок и понекогаш долг, но гарантирам дека ќе се исплати да се стане членка, потенцира Розенкрац.

Муртезани, од своја страна, истакна дека Северна Македонија останува целосно посветена на европската интеграција преку исполнување на Копенхашките критериуми, спроведување на Реформската агенда и реализација на Планот за раст.

Тој ја нагласи важноста на одржувањето на кредибилитетот на политиката на проширување заснована на заслуги, како и принципиелната поддршка што Шведска ја дава во овој процес. Министерот посочи дека билатералната соработка меѓу двете земји, особено преку СИДА, резултира со значајни проекти во демократијата, владеењето на правото, родовата еднаквост и животната средина и дека ова партнерство претставува пример за долгорочна и суштинска европска поддршка.

-Шведска и Северна Македонија делат исти принципи: демократска стабилност, почитување на правото и одговорно управување со јавните добра. Затоа сум уверен дека оваа посета ќе ја продлабочи нашата соработка и ќе отвори нови можности за заеднички иницијативи. Во времиња кога Унијата мора да покаже храброст и визија, ние ја потврдуваме нашата определба да бидеме дел од таа визија. Европа што се шири е Европа што верува во себе, а Северна Македонија е подготвена да го сподели тој дух на верба и одговорност, нагласи Муртезани на заедничката прес-конференција со неговата шведска колешка Розенкрац, која е во официјална посета на земјава.

Tags: ЕУСеверна МакедонијаШведска
Next Post

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Сведочење за финансиското работење на Клиниката

Најново

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

Трагедија во Египет: Германски турист почина откако го касна змија за време на шоу во хотел

April 30, 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

April 30, 2026
Фото: Влада

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk