ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, потребна е јасна политичка одлука на земјите членки

December 4, 2025 13:38
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Регионот, Македонија, мојата земја се борат за европските вредности со децении. Нема сомнеж дека за регионот нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО. Добро е што сме членка на НАТО, но испораката од ЕУ недостасува, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на панел дискусијата “Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа” што се одржа во Брисел во организација на “Пријатели на Европа”.

Тој истакна дека во децениите наназад Македонија направила голема жртва за пристапниот процес, но според него клучните играчи во ЕУ треба да бидат фер и да испратат искрена порака дали регионот и Македонија ќе се приклучат кон ЕУ.

„Земјата се трансформира однатре, колку што можеме со наши внатрешни ресурси, но се обидуваме да користиме и меѓународни ресурси, без разлика дали преку соработка со ЕУ, со САД…. Потпишавме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, прва земја во ЈИЕ што потпишала ваков договор, имав чест да го потпишам тој договор во мај годинава, не е дека не работиме, не е дека не се обидуваме или дека не бараме партнери и очигледно партнерите се таму каде што припаѓаме, во западната цивилизација. Во однос на ЕУ, да се согласувам, проширувањето е политичко, ниедно проширување на ЕУ не било неполитичко, почнувајќи од Грција и Португалија, во претходниот век, па големото проширување на почетокот на овој век, па се’ до Романија и Бугарија – се’ било политички. Јасно е дека за овој регион недостига политичка волја”- вели вицепрмиерот Николоски.

Она што ме плаши, потенцираше вицепремиерот Николоски е дека се уште постојат сили во регионот кои се моќни, кои бараат да искористат прилика да ја преземат моќта со друга визија и чекаат процесот на проширување да пропадне.

„За различни земји причините се различни, но очигледно има недостиг на политичка волја. Сметам дека е фер да им се каже на луѓето од регионот – ова може, ова не може. И ајде да ги правиме работите што може да се направат. Ако може да направиме 10 од 20 работи, тогаш да ги испорачаме, бидејќи вака сме заглавени во ситуација на чекање: следниот самит, следниот самит, јуни, декември, можеби во средина на март… и така времето си минува и она од што се плашам е што може да му се случи на регионот во иднина”- истакна вицепремиерот.

Вицепремиерот Николоски потенцира дека во вакви услови единствен начин да се развиваат земјите е економската соработка и ги истакна владините планови за крупните регионални проекти со кои се унапредува економската соработка со соседите.

„Она што сметам дека треба да го правиме е да соработуваме економски, што веќе го правиме во регионот и да се поврземе. Ние сме земја без излез на море, но имаме два европски коридори кои минуваат низ земјата, коридор 10 од Переа, во Атина, до Финска и коридор 8 од Јадранско до Црно Море. Инвестираме многу пари да изградиме автопати, железница и тоа е нешто што може да ја смени и обликува економската иднина на земјата и нешто што треба да го гледаме како иднина на регионот” рече Николоски и додаде: „Сега зборуваме со Грција да креираме 13 линии на граничните точки, за да се’ функционира побрзо. Со Бугарија разговараме за железницата, денес ќе се сретнам со нивниот вицепремиер, за да отвориме уште една гранична точка, така се отвораме едни кон други и да се обидеме да го држиме тоа настрана од политичките игри”.

Тој истакна дека поддршката за членство во ЕУ во регионот е се уште висока и го потенцира моделот на соработка меѓу Словенија и Хрватска како модел за добра соработка и решавање на билатерални прашања, но како што рече за жал Македoнија е отворна за соработка, а од другата страна нема интерес.

Next Post
Илустрација, Фронтлајн, генерирано со ВИ

Онлајн-насилството ги разорува генерациите!

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk