ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Прес-конференција на ЦИВИЛ за старт на програмата „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ за демократска отпорност против хибридните закани

December 5, 2025 10:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска ќе ја одржи прес-конференцијата со која официјално ќе започне деветдневната програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, посветена на јакнењето на демократската отпорност во услови на засилени хибридни операции, дезинформациски кампањи и глобална нестабилност. Настанот ќе се одржи во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, со почеток во 11:00 часот, на македонски и албански јазик.

Оваа година, ЦИВИЛ ја проширува рамката на програмата Демократски навигатор 2025 – Недела на човековите права со нови анализи, јавни настани, дебати и извештаи што ги обработуваат најактуелните предизвици за демократијата: хибридните влијанија, политичката манипулација, изборниот интегритет и заштитата на човековите права.

Во пресрет на конференцијата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ја истакнува драматичната трансформација на политичко-општествениот контекст во кој денес се одвива борбата за демократија:

„Алармантно е тоа што до пред само 5-6 години говоревме за промоција и едукација, а денес говориме за одбрана на демократијата и човековите права. Крајно време е демократските општества и држави да преземат итни и решителни чекори за ставање крај на империјализмот, агресијата и авторитаризмот.

Време е сите искрено да се соочат со сопствената одговорност: како и зошто се дозволи да се продлабочат ерозијата на демократските вредности и кризата на институциите — во земјата, во регионот и на глобално ниво.

Имаме одговори, можеме да понудиме решенија, но акцијата мора да биде заедничка и да ги надминува политичко-идеолошките разлики, со цел да ја одбраниме демократијата кај нас и во светот“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, во пресрет на почетокот на „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“.

На прес-конференцијата ќе се обратат претставниците на ЦИВИЛ, кои ќе ги претстават главните теми и активности на програмата Хоризонти на слободата, како и централните цели на Демократски навигатор 2025.

Тие ќе објаснат како организацијата се справува со растечките дезинформации и хибридни закани, и кои нови модели на граѓанско учество се потребни за модерна, одбранбена демократија.

Особено внимание ќе биде посветено на претстојниот Извештај за Локалните избори 2025 и на Стратешките препораки, кои треба да придонесат кон реформи, поголема транспарентност и зајакната институционална отпорност.

ЦИВИЛ ги повикува организациите, медиумите, претставниците на институциите, политичките субјекти и сите граѓани заинтересирани за одбраната на демократијата да присуствуваат на настанот и активно да учествуваат со прашања и коментари.

Пријава за присуство: info@civil.mk

Организацијата потсетува дека демократската отпорност бара континуирана мобилизација, јавна свест и соработка меѓу институциите, медиумите и граѓанскиот сектор — особено во време на интензивирани хибридни операции и нарушување на медиумскиот и политичкиот амбиент.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Цивил Медиа

Next Post

Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ!

Shortcut

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk