Македонската режисерка Тамара Котевска овој месец ќе го претстави својот нов игран филм „Човек против јато“ на престижната програма Work in Progress во рамки на Les Arcs Film Festival. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм и претставува нејзино прво навлегување во долгометражниот играно-филмски формат.
Филмот ја следи приказната за постар земјоделец кој влегува во тивка, но жестока борба за својата земја, откако таа станува цел за изградба на нов автопат. Темата отвора прашања за опстанокот, преголемите инфраструктурни амбиции и човечката цена на „напредокот“.
Котевска, која стекна светско признание со документарниот хит „Медена земја“ и која годинава бележи нови успеси со „Приказната за Силјан“, повторно го носи македонскиот филм на меѓународната сцена. Нејзиното учество во програмата на Les Arcs го потврдува континуираниот интерес на европските фестивали за автори од регионот и за македонските приказни.
Редакција Фронтлајн







