ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025 16:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа тркалезната маса на тема „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ во рамките на деветдневната стратешка, граѓанска и мултимедијална програма по повод Неделата на човековите права 2025 – „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – поддржана од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и реализирана во соработка со партнерите во Иницијативата за глобална одбрана на демократијата (DDGI) и Алијансата Вестминстер за Украина (WA4U) – меѓу кои Media Dialogue, Youth4Media, New European People’s Forum (Германија), Асоцијацијата Жан Моне (Франција) и Centro Studi Internazionali (Италија) .

Оваа тркалезна маса ги здружува експертите и практичарите за да ги проценат демократските ранливости откриени во последните години и да идентификуваат практични мерки за зајакнување на институционалната, граѓанската и општествената отпорност.

Учесниците на тркалезната маса: Зоран Иванов – новинр и аналитичар, Луан Имери – активист за човекови права и регионален претставник за Европа и Централна Азија на Aflatoun International, и Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија, заедно со модераторот Драган Мишев дебатираа на теми поврзани со проценкат на состојбата на демократијата и човековите права во земјата и регионот – авторитарни тенденции, хибридни закани, медиумска ситуација, ранливости на демократските институции: каде што е применливо – компаративна анализа на регионално ниво,  Руски/српски свет во регионот и Патот напред – препораки за демократска акција, каде направија споредба националните и регионалните пристапи, научените лекции и ги истакнаа приоритетните чекори за градење покоординирана и поцврста демократска одбранбена архитектура.

Надоврзувајќи се на претходните значајни изданија на ЦИВИЛ – Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам (декември 2024), глобалната патоказ-публикација Одбрана на демократијата и човековите права (март 2025), и Бојното поле на вистината (октомври 2025) – „Хоризонти на слободата“ создава мултидимензионална платформа за соочување со реалностите на манипулацијата поттикната од вештачка интелигенција, дезинформациите, авторитарното влијание и геополитичката агресија. Програмата го преосмислува концептот на отпорност во ера кога војувањето е истовремено и кинетичко и когнитивно, а борбата за вистината станува фронт сама по себе.

Програмата завршува со јавното објавување на Извештајот за Локалните избори 2025, кој нуди аналитички наоди и стратешки препораки што ги поврзуваат дискусиите од целата недела со долгорочниот демократски развој, отчетноста и граѓанското оснажување.

Додека светот влегува во период на длабока неизвесност, „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ го потврдува повикот на ЦИВИЛ за обединување на јасноста, совестa, храброста и граѓанската одговорност во одбрана на човековото достоинство. Оваа деветдневна програма отвора простор за ангажман, размислување и акција посветени на заштита на темелните вредности што ги одржуваат демократските општества.

Годинешното издание ја проширува долгогодишната мисија на ЦИВИЛ за одбрана на слободата, вистината и демократските вредности.

Целосната програма може да ја прочитате тука.

М. Д. / Цивил Медиа

Next Post

Владата усвои предлог за разрешување на Коцевски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk