„Приказната за Силјан“ влезе во вториот круг од изборот за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија во светот на документарниот филм.
Филмот на Тамара Котевска, кој веќе обезбеди номинација во првиот круг, сега влегува во клучната фаза каде што публиката има одлучувачка улога. Добитникот на оваа награда се избира исклучиво преку гласовите на гледачите ширум светот.
Конкуренцијата е исклучително силна, со филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји, но токму тоа треба да биде мотив домашната публика да застане уште поцврсто зад својот кандидат.
Audience Choice Prize традиционално го издвојува проектот кој најмногу ја освојува светската публика во текот на годината. Во документарната индустрија, наградата често се смета за еден од индикаторите за потенцијален пробив во трката за Оскар.
„Сега е моментот Македонија повторно да се обедини и да покаже колку силно стои зад своите автори“, истакнуваат од Агенцијата За филм.
Гласањето е отворено до 16 декември 2025 година, до 02:00 часот.
👉 Гласајте тука: https://cinemaeyehonors.com/audience-choice-voting/
Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука ќе го објави и потесниот избор за Оскар на 16 декември во 22:00 часот по македонско време, кога ќе стане познато дали „Приказната за Силјан“ ќе продолжи кон најпрестижната филмска номинација.







