ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Владата поднесе Предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

December 11, 2025 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е доставен до Собранието, но се уште не е утврдено кога предлогот ќе се најде на дневен ред пред пратениците.Пред два дена, портпаролката на Владата Марија Митева рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено стопирана за време на изборниот период.

-Причините за оваа иницијатива се јавни познати, и Владата досега повеќепати ги има образложено, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена – јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите на прогон во служба на граѓаните, рече Митева.

Предлогот до Собранието за разрешување на Коцевски од функцијата, рече, е врз основа на член 88 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители, но нивното мислење беше против разрешување.

-Согласно законот, важечкиот закон, јас треба да сторам тешка дисциплинска повреда. Советот на јавни обвинители констатираше дека од моја страна не е сторена тешка дисциплинска повреда, понатаму постапката е – оди предлогот до Влада, односно Владата може да го достави до Собранието, тоа не е моја надлежност, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Разрешувањето на Коцевски се најде и во извештајот на Европската комисија за владеењето на правото објавен во јули. Во Извештајот, за постапката е констатирано дека има недостатоци во законските норми за разрешување, но и ризик од политизација. И последниот извештај за напредокот на земјава нотираше дека надворешното и политичкото мешање во правосудството остануваат причина за сериозна загриженост. ЕУ забележа и дека засилената реториката на политичарите и владините функционери за преземање мерки против судиите и обвинителите претставуваат непримерно влијание или заплашување и ја поткопуваат независноста на судството.

Tags: Kоцевски .
Next Post

Димитриеска – Кочоска: Фокус на инвестиции, дигитализација и фискална стабилност за нова економија

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk