Бен Афлек е едно од најпрепознатливите имиња во Холивуд и актер со повеќе од педесет улоги, кој заедно со Мет Дејмон во 1997 година го освои светот со „Good Will Hunting“. Но и покрај долгата кариера, една соработка никогаш не се остварила – онаа со легендарниот Стивен Спилберг.
Како што открива режисерот и сценарист Мајк Бајндер, причината за тоа била неочекувано лична и толку бизарна што љубителите на филмот останале вчудовидени, пренесува хрватски Index.
Пропадната идеја за филмот „Man About Town“
Во 2005 година Бајндер сакал да го ангажира Афлек за својот филм „Man About Town“. И двајцата биле одушевени од можната соработка, но проектот стоел под капата на DreamWorks, а Спилберг – коосновачот на студиото – имал последен збор.
Бајндер му го изнел планот, а како што вели, наишол на неочекувана и остројасна блокада: Спилберг не сакал Афлек да биде дел од филмот. Причината? Инцидент кој на прв поглед звучи речиси неверојатно.
„Инцидентот“ што ги разделил
Бајндер ја пренел следнава изјава на Спилберг:
„Еднаш беше со моето кумче, Гвинет Палтроу. Патувавме во Шпанија, мојот син беше мал и се играше во базенот. Излезе од водата, Бен беше целосно облечен, а син ми го бутна Бен во базен. Афлек се налути, излезе, го подигна и го фрли назад во водата. Син ми почна да плаче.“
Спилберг, наводно, само заклучил:
„Едноставно не сакам да работам со него.“
Афлек веднаш сфатил за што станува збор
Кога Бајндер му пренел дека Спилберг одбива да го ангажира, Афлек веднаш го погодил изворот на проблемот:
„Да не ти кажал Стивен Спилберг дека сум му го фрлил детето во базен? Тоа ли е причината?“, прашал со половина насмевка, според Бајндер.
Интернет-публиката по објавувањето на приказната не останала рамнодушна:
„Чекај… дали сега треба да го мразам Спилберг? Што е ова, побогу?“, бил еден од највпечатливите коментари.
Помирување пред цел свет
Иако Бајндер подоцна се откажал од соработката со DreamWorks поради овој случај, изгледа дека Афлек и Спилберг со време ги смириле односите. На доделувањето на Оскарите во 2013 година, кога „Argo“ освои награда за најдобар филм, а го победи токму Спилберговиот „Lincoln“, двајцата се прегрнаа пред камерите – срдачно и искрено.
Бајндер подоцна се пошегувал:
„Му пишав: ‘Бене, вечерва можеш да ја фрлиш целата фамилија на Спилберг во базен и никој нема да ти замери.’“







