ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ослободено лицето уапсено по пукањето на Универзитетот Браун во кое загинаа две лица

December 15, 2025 12:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Лицето уапсено во врска со пукањето на Универзитетот Браун во американската држава Род Ајленд во саботата, во кое беа убиени две лица, а девет беа ранети, ќе биде ослободено, објави обвинителството.

„Нема причина да се смета за потенцијален осомничен“, изјави главниот обвинител на Род Ајленд, Питер Неронха, осврнувајќи се на претходно уапсеното лице. „Затоа е ослободен“.

Во меѓувреме, продолжува потрагата по осомничениот напаѓач.

„Се чини дека убиецот е на слобода, па затоа нема да го откриеме нашиот план за да можеме го пронајдеме“, рече Неронха.

Полицијата објави снимка од десет секунди на која се гледа како осомничениот брзо бега по пуста улица по пукањето.

Вооружен човек во саботата отвори оган во елитниот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, во зграда каде што се одржуваа испити.

Во нападот беа убиени две лица, а девет беа ранети. Од деветте ранети студенти, осум се сериозно повредени, но во стабилна состојба, изјави во саботавечер Брет Смајли, градоначалник на Провиденс, главен град на малата федерална држава Род Ајленд.

САД имаат највисока стапка на смртни случаи од огнено оружје од која било развиена земја. Во таа земја има повеќе огнено оружје во оптек отколку што има жители.

Пукањето со огнено оружје е евидентен проблем што голем број различни влади не успеаја да го надминат и спречат.

Во 2024 година, повеќе од 16.000 луѓе, не сметајќи ги самоубиствата, беа убиени од огнено оружје, се наведува на веб-страницата на Архивот за насилство со огнено оружје.

Next Post
Скриншот од видео на Times Radio

Поранешниот советник на Трамп кој го нарече враќањето на Крим на Украина „нереално“ – стана консултант на руски Лукоил

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk