ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Надминат праг на алармирање за PM10 во Кичево и Струмица

December 18, 2025 11:54
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање за суспендирани честички PM10 на мерните места во Кичево и Струмица, согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што соопштува Министерството, прагот на алармирање е надминат поради регистрирани концентрации над 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни дена.

„Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места Кичево и Струмица“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според официјалните податоци, среднодневните концентрации на PM10 изнесувале 181,82 µg/m³ во Кичево и 153,11 µg/m³ во Струмица на 16 декември, додека на 17 декември се измерени 175,40 µg/m³ во Кичево и 156,99 µg/m³ во Струмица.

Од Министерството појаснуваат дека прагот на алармирање е утврден со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 183 од 14 декември 2017 година.

Поради настанатата состојба, за Струмица се активираат конкретни мерки, меѓу кои интензивирање на вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А и Б-интегрирани еколошки дозволи, зголемени контроли на техничката исправност на возилата, особено дизел возилата и нерегистрираните возила, засилени контроли на градилиштата, како и целосна забрана за горење на отворено.

Дополнително, од Министерството препорачуваат работодавците да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата над 60 години и лицата со хронични заболувања, со препорака од матичен лекар, како и реорганизација на работното време за работниците кои работат на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува и да не се организираат спортски и културни манифестации на отворено.

Tags: PM10КичевоСтрумица
Next Post

Што се крие зад заканите на премиерот

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk