Тешка несреќа се случи денеска на жичарата на Савин Кук на Дурмитор, Црна Гора, кога во стрмниот, втор дел од трасата дошло до испаѓање на странски туристи од корпата на ски-лифтот, пренесува Vijesti.me.
Според првичните информации, еден маж го загубил животот, додека жена е повредена, но е свесна и комуникативна. На местото на настанот интервенираат спасувачки екипи.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата. Првичните сознанија укажуваат на можен технички дефект на жичарата во делот што води кон врвот Савин Кук.
Според овие информации, корпата во која се наоѓале туристите почнала да се движи наназад, по што дошло до трагичниот исход.
Надлежните служби работат на расветлување на сите околности поврзани со несреќата.







