ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Воена интервенција на САД во Нигерија: Трамп најави „пекол“ за терористите кои вршат прогон на верници

December 26, 2025 10:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извршиле „моќни и смртоносни“ напади против силите на терористичката организација Исламска држава во Нигерија, откако претходно со недели ја обвинуваше владата на оваа западноафриканска земја дека не успеала да го запре прогонот на христијаните.

– Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Држави извршија силен и смртоносен удар против терористичкиот џган на Исламската држава во северозападна Нигерија, кој прогонува и свирепо убива, пред сè, невини христијани, на нивоа какви што не се видени со години, па дури и со векови – напиша Трамп на платформата „Трут Соушл“ (Truth Social).

Тој додаде дека „претходно ги предупредил овие терористи дека ако не го запрат колењето на христијаните, ќе настане пекол“, наведувајќи дека тоа „се случи вечерва“. Трамп исто така изјави дека биле извршени „бројни совршени удари“.

Американската команда за Африка (AFRICOM), која ги надгледува американските воени операции во Африка, соопшти дека нејзината „првична проценка е дека повеќе терористи на Исламската држава се убиени во нивните кампови“ во Нигерија.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на „Икс“ наведе дека американскиот претседател „минатиот месец беше јасен: убивањето невини христијани во Нигерија (и на други места) мора да престане“. Тој додаде дека Исламската држава го дознала тоа „вечерва – на Божиќ“.

– Ќе бидат објавени повеќе информации … Благодарен сум на нигериската влада за поддршката и соработката – рече Хегсет.

Министерството за надворешни работи на Нигерија ги потврди нападите во соопштение и посочи дека однапред добило известување, наведувајќи дека „нигериските власти остануваат ангажирани во структурирана безбедносна соработка со меѓународните партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, во решавањето на постојаната закана од терористички и насилен екстремизам“.

– Тоа доведе до прецизни удари на терористички цели во Нигерија преку воздушни напади на северозапад. Терористичкото насилство во која било форма, без разлика дали е насочено кон христијани, муслимани или други заедници, останува навреда за вредностите на Нигерија и за меѓународниот мир и безбедност – се вели во соопштението на нигериското министерство.

На почетокот на ноември, Трамп изјави дека му наложил на Пентагон да се „подготви за можна акција“ во Нигерија, тврдејќи дека нигериската влада не прави доволно во борбата против прогонот на христијаните во таа земја.

Tags: нападНигеријаТрамп
Next Post

Најмалку десет лица загинаа во страшна автобуска несреќа во Мексико

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk